„СО МАКЕДОНСКА ПЛАТА, МОЖЕЛО ДА СЕ КУПИ ПРОСЕЧНО 4 ПАТИ ПОМАЛКУ ГАС ОТКОЛКУ СО УНГАРСКАТА“: Професорот Трајковски потсетува на неуспехот како држава
Професорот Дејан Трајковски вели дека цените на природниот гас за домаќинства во Европа биле највисоки во земјава.
„Уште еден потсетник на нашиот неуспех како држава. Во втората половина од 2024 година цената на природниот гас за домаќинствата во Европа, изразени во таканаречени „стандарди на куповната моќ“ PPS/100kWh, била највисока во – Македонија! (извор: Еуростат)
Стандардот на куповната моќ, скратено PPS (purchasing power standard), претставува вештачки креирана парична единица. Теоретски, еден PPS може да купи еднакво количество добра и услуги во секоја земја. Меѓутоа, разликите во цените помеѓу државите значат дека различни износи од националните парични единици се потребни за купување на истите добра и услуги во зависност од земјата.
Во случајот со природниот гас, имаме највисока цена изразена дури и во PPS, којшто требало да ги израмни разликите. На пример, со македонската плата можело да се купи просечно 4 пати помалку гас отколку со унгарската, според цените во двете земји“, напиша тој.