
СО ЛАЖНИ ДОКУМЕНТИ СЕ ВРАБОТИЛА ВО ИТ СЕКТОРОТ ВО БОЛНИЦА: Хрватка со измама сакала да добие подобра плата
Полицијата во Хрватска соопшти дека е покрената истрага против 55-годишната жена по што поднеле и кривична пријава за сторено кривично дело фалсификување исправа, известија од СВР Дубровник-Неретва.
Полициските службеници од Полициската станица Метковиќ утврдиле дека 55-годишната жена направила лажна потврда за работен однос.
Оваа потврда наводно и била издадена од трговско друштво од Босна и Херцеговина во 1992 година, а во неа стои дека осомничената работела како кредитен службеник во таа фирма во текот на 1988 и 1989 година.
Во уверението стои дека во тој период стекнала искуство во сметководство.
Полициската управа Дубровник-Неретва соопшти дека на почетокот на 2019 година, 55-годишна жена доставила лажна потврда во здравствената установа во која била вработена и дека врз основа на таа потврда била распоредена од работно место чистачка на работно место службеник за информации (ИТ службеник).
Против осомничениот, полицијата поднесува кривична пријава до надлежното државно обвинителство во Метковиќ.
Извор: Блиц.рс
