
СО ЛАЖЕН СЕРТИФИКАТ ЗА АНГЛИСКИ КОНКУРИРАЛА ЗА ДИРЕКТОРКА НА УЧИЛИШТЕ Пријава за фалсификат во Пехчево

Надворешната канцеларија за криминалистички работи Берово поднесе кривична пријава против Д.Ј.(57) од Пехчево поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „фалсификување исправа”.
На конкурс за директор во основно училиште пријавената приложила фалсификуван сертификат за познавање англиски јазик со намера незаконски да биде избрана, информира МВР во билтенот.
.

