Skip to content
Novina.mkNovina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 Со колку пари се игра врвен ракомет во Македонија и кои три клуба во репрезентација дадоа 17 ракометари?
Економија

Со колку пари се игра врвен ракомет во Македонија и кои три клуба во репрезентација дадоа 17 ракометари?

15/01/2024

AA

Македонската ракометна репрезентација ја хранат со ракометари трите најдобри клубови од домашната супер лига. Буџетите на трите најдобри клубови се вкупно 3,4 милиони евра и со тие пари, во 2022 година, се играл најквалитетниот македонски ракомет. Ракометот во Македонија е многу популарен и веројатно историски гледано најуспешен колективен наш спорт. Македонскиот ракомет доминантно го крепи фармацијата. Најголеми вложувачи во нашиот ракомет се најголемата фармацевтска компанија „Алкалоид“ и една од најголемите веледрогерии „Еурофарм“. РК „Вардар 1961“ во овој период беше поддржан од компанијата „Ватростална“

Македонската ракометна репрезентација ја полнат три македонски ракометни клубови. Тоа се нашите ракометни гиганти „Вардар 1961“ двократен европски првак, битолскиот клуб со долгa традиција и богато европско реноме  „Еурофарм Пелистер“ и големиот македонски потенцијал – новоформираниот „Алкалод“ од скопска Автокоманда.

Трите клуба заедно во 2022 година, за кога ги имаме најновите финансиски извештаи, имале приход од 3,4 милиони евра. Толку пари имале на располагање трите клуба кои во репрезентацијата заедно дале 17 од 22 ракометари. Тука е листата на сите македонски ракометни репрезентативци кои ги бранат нашите бои на европското првенство во Германија https://macedoniahandball.com.mk/reprezentatsija/#mazi

Значи ако се изразиме со јазикот на економистите овие три клуба со вкупен годишен буџет (2022 година) што за малку надминува 3 милиони евра генерирале 77отсто од репрезентативците. Оваа статиститка се однесува само на бројот на репрезентативци, а допрва ќе видиме колкав е нивниот придонес во играта на европското првенство на кое учествуваме сега во Германија.

Според достапните официјални податоци за 2022 година, затоа што уште нема понови, најголем буџет во конкуренција на овие три клуба имал „Еурофарм Пелистер“. Овој клуб го финансира една од најголемите компании – веледрогерија за снабудвање со лекови и медикаменти. „Еурофарм“ финансира два клуба во македонската суперлига. Првиот е „Еурофарм Пелистер“, а другиот е „Еурофарм Пелистер 2“. Од двата клуба има петмина репрезентативци во македонската ракометна репрезентација. „Еурофарм Пелистер“ во 2022 година располагал со 1,27 милиони евра имал 6 вработени лица, а годината ја завршил со добивка од 950 евра. Помалиот „брат“ „Еурофарм Пелистер 2“ годината ја поминал со 356.000 евра буџет имал две вработени лица и завршил со добивка од 450 евра.

Македонскиот ракометен супербренд „Вардар 1961“ таа година располагал со 1,22 милиони евра, а годината ја завршил со загуба од 284.000 евра. РК „Вардар 1961“ во оваа репрезентација дал три ракометари.

Најмногу ракометари дал најмладиот ракометен клуб „Алкалоид“ кој има големи амбиции и силен основач – тоа е македонскиот фармацевтски гигант „Алкалоид“. Во 2022 година овој клуб располагал со 590.000 евра од кои 6.000 евра биле приход од ракометните школи, а другите се донација од компанијата „Алкалоид“. Клубот од Автокоманда 2022 година ја завршил со добивка од 7.800 евра. „Алкалоид“ во македонската репрезентација која сега настапува во Германија дал деветмина ракометари.  

Овие три се најголемите и финансиски најмоќни македонски клубови. Буџетите на другите македонски ракометни суперлигаши се помали од половина милион евра, а кај дел од тие што се борат во плеј-аутот буџетите не достигнуваат ниту 200.000 евра во 2022 година.

Р. Ф.

Фото: Фејсбук

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

ДЕВЕТ ВОЗАЧИ ЗАВРШИЈА ВО СТАНИЦА Малолетници и пијан возач меѓу

10/03/2026
Македонија

48 ЧАСОВЕН ПРИТВОР ЗА СОПРУГОТ ОД КАРПОШ Јовановски е осомничен

04/03/2026
Македонија

МЕТЕО ПРЕСВРТ ВО ТЕКОТ НА ДЕНОТ Магла наутро, повеќе облаци

03/03/2026
Македонија

Битиќи: Владата се движи кон автократски модел и не остава

03/03/2026
Македонија

Битиќи: Буџетот не е во добра кондиција, дел од расходите

03/03/2026
Македонија

РЕФОРМИТЕ ВО ФОКУС НА ВЛАДАТА Мицкоски најави конкретни мерки за

03/03/2026
Македонија

Битиќи предупредува: Цената на гасот веќе е двојно повисока, Македонија

03/03/2026
Македонија

Ангела Николовска од Доха: Денеска е мирно, македонската амбасада работи

03/03/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 42209
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

ДЕВЕТ ВОЗАЧИ ЗАВРШИЈА ВО СТАНИЦА Малолетници и пијан возач меѓу приведените

10/03/2026

Девет возачи вчера завршиле во полициска станица поради тешки прекршоци во сообраќајот, информираа од Министерство за внатрешни работи на Република

48 ЧАСОВЕН ПРИТВОР ЗА СОПРУГОТ ОД КАРПОШ Јовановски е осомничен за неколку кривични дела, ОЈО

04/03/2026

Судијата на претходна постапка од Основниот кривичен суд Скопје определи мерка краткотраен притвор од 48 часа против Стојанче Јовановски, сопругот

МЕТЕО ПРЕСВРТ ВО ТЕКОТ НА ДЕНОТ Магла наутро, повеќе облаци попладне

03/03/2026

Метеоролозите нѐ информираат дека утре претпладне ќе биде сончево со мала до умерена облачност и со услови за појава на

Novina.mkNovina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy