Skip to content
Novina.mkNovina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 Со какви ригорозни мерки ќе се соочат пушачите по Нова година во Македонија?
Македонија

Со какви ригорозни мерки ќе се соочат пушачите по Нова година во Македонија?

26/12/2023

AA

„Нека му ја мислат пушачите по Нова Година“. Вака најави вчера министерот за здравство Фатмир Меџити. Но, што значи ова и какви дополнителни ригорозни мерки треба да се донесат. Денес иако има мерки, ретко кој ги почитува или пак за истите се наоѓаат алтернативи како да се „почитуваат“.

Но зголемување на даноците за тутунот, поголема контрола, забрани за користење на електронски цигари во затворени простории  се дел од препораките на СЗО кои најверојатно ќе ги следи и Македонија.

-Ние во јануари со регионалниот директор за Европа при СЗО, Ханс Клуге ќе потпишеме меморандум за соработка против пушењто и со нив овие мерки ќе бидат ригорозни. Нњ знаете колку е болно во секоја фамилија да изгубите сакан од овие тешки болести а тие доаѓаат од пушењето и од други лоши навики, вели Фатмир Меџити, министер за здравство.

Половина нација се пушачи, цигари се користат и на отворено и во затворено, на многу места не се почитуваат закони..Но и покрај оваа реална слика, дел од граѓаните што ги анкетиравме поддржуваат ригорозни мерки иако се корисници на тутун.

-Нема има, ова знаете е отров и создава зависност, донро е што некој мисли на тоа…Нека воведат, може така ќе се откажеме од цигарите…Мене ми одговара, но на пушачите може не, велат граѓани.

Од Институтот за јавно здравје велат дека се поразителни бројките за пушачи во земјата. Дури 5 проценти од деца до 16 години пробале цигара а уште полошо е со возрасните.

-45,4 се активни пушачи, мал број од нив се обиделе да се откажат од пушењето. Тоа делумно се должи на послабите мерки и тоа особено со разлабавување на мерките, се пуши и во затворени простории а цените на цигарите се најниски кај нас, вели д-р Мартин Петровски од ИЈЗ.

Дека во земјата не се почитуваат законите против пушењето беше и една од забелешките на ЕК во извештајот за напредокот на земјата.

Според извештаи на невладини организации, Македонија е меѓу првите десет земји во светот по бројот на пушачи.

Извор: Сител

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

ДЕВЕТ ВОЗАЧИ ЗАВРШИЈА ВО СТАНИЦА Малолетници и пијан возач меѓу

10/03/2026
Македонија

48 ЧАСОВЕН ПРИТВОР ЗА СОПРУГОТ ОД КАРПОШ Јовановски е осомничен

04/03/2026
Македонија

МЕТЕО ПРЕСВРТ ВО ТЕКОТ НА ДЕНОТ Магла наутро, повеќе облаци

03/03/2026
Македонија

Битиќи: Владата се движи кон автократски модел и не остава

03/03/2026
Македонија

Битиќи: Буџетот не е во добра кондиција, дел од расходите

03/03/2026
Македонија

РЕФОРМИТЕ ВО ФОКУС НА ВЛАДАТА Мицкоски најави конкретни мерки за

03/03/2026
Македонија

Битиќи предупредува: Цената на гасот веќе е двојно повисока, Македонија

03/03/2026
Македонија

Ангела Николовска од Доха: Денеска е мирно, македонската амбасада работи

03/03/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 42209
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

ДЕВЕТ ВОЗАЧИ ЗАВРШИЈА ВО СТАНИЦА Малолетници и пијан возач меѓу приведените

10/03/2026

Девет возачи вчера завршиле во полициска станица поради тешки прекршоци во сообраќајот, информираа од Министерство за внатрешни работи на Република

48 ЧАСОВЕН ПРИТВОР ЗА СОПРУГОТ ОД КАРПОШ Јовановски е осомничен за неколку кривични дела, ОЈО

04/03/2026

Судијата на претходна постапка од Основниот кривичен суд Скопје определи мерка краткотраен притвор од 48 часа против Стојанче Јовановски, сопругот

МЕТЕО ПРЕСВРТ ВО ТЕКОТ НА ДЕНОТ Магла наутро, повеќе облаци попладне

03/03/2026

Метеоролозите нѐ информираат дека утре претпладне ќе биде сончево со мала до умерена облачност и со услови за појава на

Novina.mkNovina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy