Skip to content
Novina.mkNovina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 Со каков квалитет ќе бидат јајцата и месото за Велигден?
Македонија

Со каков квалитет ќе бидат јајцата и месото за Велигден?

07/04/2023

AA

Инспекциските служби на Агенција за храна и ветеринарство пред велигденските празници спроведуваат засилени инспекциски контроли на продажбата на јајца, бои за јајца, месо и други прехранбени производи.

Налог е издаден и за засилување на инспекциските контроли на граничните премини за пратките со јајца кои се увезуваат во земјава, каде акцент со контролите е ставен на датумот на пакување и означување, временскиот рок на траење, кој за овој производ не смее да биде подолг од 28 дена, односно за јајцата декларирани како “екстра” не повеќе од 9 дена.

-Контролите на домашниот пазар се спроведуваат во производството, преработката, дистрибуцијата и продажбата на јајца, со акцент на нивното означување, условите на чување и складирање на овој прехранбен производ, за кој пред празниците постои зголемена побарувачка. Со засилените инспекциски контроли опфатени се и производителите, увозниците и трговците со бои за јајца, во поглед на тоа дали тие ги исполнуваат општите и посебните услови за безбедност на боите, односно дали истите се во согласност со одредбите од Законот за безбедност на храната и Правилникот за адитиви кои се користат во храната – вели директорот Бабовски.

Се контролира дали боите се соодветно означени и спакувани во оригинално пакување, бидејќи, додава тој, бојата во ринфуз состојба и без декларација е небезбедна.

-Боите не смеат да претставуваат опасност за здравјето на луѓето и не смеат да влијаат на нутритивниот квалитет на храната. Затоа треба да се внимава, бои да се купуваат исклучиво од регистрирани оператори кои се под контрола на АХВ, објаснува директорот на АХВ.

Засилени се и контролите во месарниците и месарниците со работилници, кои вршат промет со свежо месо и подготовки од месо. Акцент на оваа категорија оператори со храна, ставена е на контролата на здравствената ознака на месото, комерцијалните документи, следливоста, условите за чување и одржувањето на ладниот ланец во прометот со месо и подготовките од месо, како и нивното декларирање.

Дел од засилените контроли се и другите прехранбени производи, особено овошјето и зеленчукот кај кои се проверуваат органолептичките карактеристики, како и условите на чување и складирање.

-Како одговорна институција за безбедноста на храната, во пресрет на велигденските празници, апелираме до граѓаните да бидат одговорни потрошувачи и да купуваат исклучиво од регистрирани или одобрени оператори со храна, а секоја недоследност во поглед на безбедноста на храната, вклучително и на боите за јајца, да ја пријават во Агенцијата, лично, телефонски на бесплатниот телефонски број 0800 3 22 22, или електронски на [email protected]

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

ДЕВЕТ ВОЗАЧИ ЗАВРШИЈА ВО СТАНИЦА Малолетници и пијан возач меѓу

10/03/2026
Македонија

48 ЧАСОВЕН ПРИТВОР ЗА СОПРУГОТ ОД КАРПОШ Јовановски е осомничен

04/03/2026
Македонија

МЕТЕО ПРЕСВРТ ВО ТЕКОТ НА ДЕНОТ Магла наутро, повеќе облаци

03/03/2026
Македонија

Битиќи: Владата се движи кон автократски модел и не остава

03/03/2026
Македонија

Битиќи: Буџетот не е во добра кондиција, дел од расходите

03/03/2026
Македонија

РЕФОРМИТЕ ВО ФОКУС НА ВЛАДАТА Мицкоски најави конкретни мерки за

03/03/2026
Македонија

Битиќи предупредува: Цената на гасот веќе е двојно повисока, Македонија

03/03/2026
Македонија

Ангела Николовска од Доха: Денеска е мирно, македонската амбасада работи

03/03/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 42209
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

ДЕВЕТ ВОЗАЧИ ЗАВРШИЈА ВО СТАНИЦА Малолетници и пијан возач меѓу приведените

10/03/2026

Девет возачи вчера завршиле во полициска станица поради тешки прекршоци во сообраќајот, информираа од Министерство за внатрешни работи на Република

48 ЧАСОВЕН ПРИТВОР ЗА СОПРУГОТ ОД КАРПОШ Јовановски е осомничен за неколку кривични дела, ОЈО

04/03/2026

Судијата на претходна постапка од Основниот кривичен суд Скопје определи мерка краткотраен притвор од 48 часа против Стојанче Јовановски, сопругот

МЕТЕО ПРЕСВРТ ВО ТЕКОТ НА ДЕНОТ Магла наутро, повеќе облаци попладне

03/03/2026

Метеоролозите нѐ информираат дека утре претпладне ќе биде сончево со мала до умерена облачност и со услови за појава на

Novina.mkNovina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy