Skip to content
Novina.mk Novina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 Со изведување на докази на одбраната продолжува судењето за убиството на Вања и Панче
Магазин

Со изведување на докази на одбраната продолжува судењето за убиството на Вања и Панче

26/02/2025

AA

Со изведување на докази од страна на одбраната, во Основен Кривичен суд Скопје денеска треба да продолжи судењето за убиството на Вања Ѓорчевска и Панче Жежовски за кое се обвинети Љупчо Палевски, Боре Видевски, Велибор Манев, Влатко Кешишов и таткото на Вања, Александар Ѓорчевски.

На изминатото рочиште, со изведување на материјални докази – шест ЦД дискови со видеа од безбедносните камери поставени на куќата на обвинетиот Велибор Манев, обвинителството го заврши изведувањето на докази. Во судница беа прикажани видеа каде Обвинителството тврди дека се гледаат обвинетите, вреќа за спиење, кофи, лопати… Првообвинетиот Палевски рече дека се манипулирани и неверодостојни и обвини за наметнување лажни докази.

Дел од доказите кои во текот на процесот ги изведе обвинителството беа сведочења на семејствата на Вања и Панче. Сослушани беа и службени лица, инспектори, познаници и соработници на обвинетиот Љупчо Палевски. Потоа, обвинителството изведе повеќе материјални докази кои вклучуваа видео-снимки од „безбеден град“, електронска комуникација на обвинетиот Палевски, предмети собрани од местото на настаните и извештаи од техничка обработка на возилото Рено Кангу.

Според обвинението, Љупчо Палевски, Боре Видевски, Велибор Манев, Влатко Кешишов и Александар Ѓорчевски, се обвинети дека заедно испланирале грабнување на 14-годишната Вања со цел да присилат член на нејзиното потесно семејство да даде парични средства за откуп. Грабнувањето на оштетениот Панче Жежовски во Велес, пак, според обвинението, било со намера да го присилат да им го даде сопственото возило „Цитроен“ за да го користат за грабнување на детето во Скопје.

Малолетната Вања и велешанецот Панче, кои беа пријавени за исчезнати на 27 и 24 ноември, беа пронајдени мртви во близина на Скопје и Велес на 3 декември 2023 година. 

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

Од денеска исплата на социјалните и детските права за август

04/09/2026

Сончево и топло до средината на следната недела

04/09/2026

Македонија

Финансиска полиција поднесе кривична пријава за даночно затајување од над

04/09/2026
Македонија

237 семејства добиле нова шанса за БПО: Фондот го зголеми

04/09/2026
Македонија

Меѓународниот Аеродром Скопје официјално ја доби наградата ASQ за „Најпријатно

04/09/2026
Македонија

31 пожар за едно деноноќие – сѐ уште активен пожарот

04/09/2026
Македонија

Поскапе меѓуградскиот превоз, до 11.000 денари месечно за патување до

04/09/2026
Македонија

За 8 Септември привремено се отвора граничниот премин меѓу село

03/09/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 45449
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

Од денеска исплата на социјалните и детските права за август

04/09/2026

Корисниците на правата од социјална, детска и цивилна заштита од денеска можат да располагаат со средствата за август 2026 година,

Финансиска полиција поднесе кривична пријава за даночно затајување од над 4,5 милиони денари

04/09/2026

Управа за финансиска полиција поднесе кривична пријава до Основното јавно обвинителство Струга против физичко лице, сопственик и управител на правно

237 семејства добиле нова шанса за БПО: Фондот го зголеми бројот на обиди на шест

04/09/2026

Зголемувањето на бројот на обиди за биомедицински потпомогнато оплодување (БПО) што се финансираат од Фондот за здравствено осигурување веќе дава

Novina.mk Novina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy