Skip to content
Novina.mkNovina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 Со исплата на плати доцнат 5428 работодавачи, 700 од нив од почетокот на годинава
Македонија

Со исплата на плати доцнат 5428 работодавачи, 700 од нив од почетокот на годинава

09/11/2023

AA

Со реализација на обврските со МПИН-пресметките што треба да ги достават до УЈП за уплатата на придонеси и исплата на нето-плата доцнат 5428 работодавачи во државава, покажува анализата на Управата за јавни приходи (УЈП) за периодот од јануари до крајот на септември 2023.

-Од нив, 1912 доцнеле повеќе од еден месец, а 700 доцнат со реализација од самиот почеток на годинава. Кај сите се преземени соодветни мерки за присилната наплата, рече Сања Лукаревска, директорка на УЈП на брифинг со новинарите.

За септември 2023, обврска за МПИН немале исполнето 68 893 работодавачи за 552 193 вработени лица. Од нив, платена пресметка имаат 59 708 работодавачи за 535 058 вработени лица, од кои 47 116 работодавачи за 462 017 вработени платиле во законски рок до 16 октомври, а останатите платиле со задоцнување.

До 7 ноември, пресметката не ја платиле 3730 работодавачи за 8673 работници, додека 5455 работодавачи за 8462 вработени лица воопшто не поднеле пресметка за октомври 2023.

Со реализација на обврски кон МПИН-пресметки на нето-платата за септември доцнат 3945 работодавачи. Најмногу се од угостителската дејност (241 деловен субјект), товарен патен транспорт (218), адвокатски дејности (161), одржување и поправка на моторни возила (141), фризерски салони и салони за убавина (130).

Најголем број доцнења има кај 1552 даночни обврзници од Скопско, а 754 се од Полошкиот Регион.

Од доцнењето на платата во септември се засегнати 8700 работници, од кои 6141 вработени и околу 1500 кои се даночни обврзници со еден вработен.

Работодавач на најголем број работници зафатени од доцнењето, вкупно 378, е скопска компанија од дејноста чистење згради и објекти, потоа 148 работници се од скопска компанија за приватна заштита, 84 работници се кај работодавач од дејноста високо образование и 79 вработени во јавно претпријатие во Виница.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

ДЕВЕТ ВОЗАЧИ ЗАВРШИЈА ВО СТАНИЦА Малолетници и пијан возач меѓу

10/03/2026
Македонија

48 ЧАСОВЕН ПРИТВОР ЗА СОПРУГОТ ОД КАРПОШ Јовановски е осомничен

04/03/2026
Македонија

МЕТЕО ПРЕСВРТ ВО ТЕКОТ НА ДЕНОТ Магла наутро, повеќе облаци

03/03/2026
Македонија

Битиќи: Владата се движи кон автократски модел и не остава

03/03/2026
Македонија

Битиќи: Буџетот не е во добра кондиција, дел од расходите

03/03/2026
Македонија

РЕФОРМИТЕ ВО ФОКУС НА ВЛАДАТА Мицкоски најави конкретни мерки за

03/03/2026
Македонија

Битиќи предупредува: Цената на гасот веќе е двојно повисока, Македонија

03/03/2026
Македонија

Ангела Николовска од Доха: Денеска е мирно, македонската амбасада работи

03/03/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 42209
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

ДЕВЕТ ВОЗАЧИ ЗАВРШИЈА ВО СТАНИЦА Малолетници и пијан возач меѓу приведените

10/03/2026

Девет возачи вчера завршиле во полициска станица поради тешки прекршоци во сообраќајот, информираа од Министерство за внатрешни работи на Република

48 ЧАСОВЕН ПРИТВОР ЗА СОПРУГОТ ОД КАРПОШ Јовановски е осомничен за неколку кривични дела, ОЈО

04/03/2026

Судијата на претходна постапка од Основниот кривичен суд Скопје определи мерка краткотраен притвор од 48 часа против Стојанче Јовановски, сопругот

МЕТЕО ПРЕСВРТ ВО ТЕКОТ НА ДЕНОТ Магла наутро, повеќе облаци попладне

03/03/2026

Метеоролозите нѐ информираат дека утре претпладне ќе биде сончево со мала до умерена облачност и со услови за појава на

Novina.mkNovina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy