Skip to content
Novina.mkNovina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 СО ИМЕ И ПРЕЗИМЕ ЌЕ СЕ ОБЈАВАТ СИТЕ ЧИИ ЛИЦЕНЦИ СЕ ОДЗЕМЕНИ: Николоски речиси е при крај со „чистката“, бројката на одземени лиценци расте
Економија

СО ИМЕ И ПРЕЗИМЕ ЌЕ СЕ ОБЈАВАТ СИТЕ ЧИИ ЛИЦЕНЦИ СЕ ОДЗЕМЕНИ: Николоски речиси е при крај со „чистката“, бројката на одземени лиценци расте

23/03/2025

AA

Вкупниот број на издадени лиценци во делот на градба, проектирање, надзор, изработка на детални урбанистички планови е некаде над три илјади и до денес прегледавме 2810 лиценци и бројката на одземени лиценци е веќе 427, објави вечерва вицепремиерот и министер за транспорт Александар Николоски.

Тој најави дека во вторник ќе бидат објавени финалните бројки и по име ќе бидат извадени сите носители на лиценци на кои ќе им бидат одземени, а за истото ќе бидат информирани надлежното обвинителство и МВР, за да можат тие, како што рече, да проверат од свој аспект.

Министерот Николоски во тема на денот на Сител телевизија информира дека во делот на градежништвото ќе бидат околу 430 лиценци, а ќе бидат испратени дописи и до сите засегнати страни кои работат со овие субјекти за да знаат дека тие веќе немаат лиценци.

Меѓу другото информира дека се прават контроли и во делот на патниот сектор – превоз на патници, автобуси, комбиња и итн, исто така превоз на стоки и внатрешно и меѓународно во делот на камиони. Таму, рече Николоски, во моментот се прават испитувањата, но до вторник ќе има финални бројки.

– Најголема е бројката за изведувачи на градба од Б категорија, а тоа е се што не е врвен државен објект и станбени зградени, каде ќе се одземат 198 лиценци, рече вицепремиерот и министер за транспорт.

Николоски како клучни причини за одземање на лиценците ги наведе недостатокот на стручен кадар, како и одредени типови на градежни машини.

– Забележавме дека исто лице фигурира на пет-шест различни фирми или пак се прави договор само за да се добие лиценцата, а веднаш потоа тој вработен се одјавува. Ова е класично изигрување на системот. Македонија е мала држава, а Министерството има издадено околу 3.000 лиценци, што е повеќе од реалниот капацитет, посочи Николоски, додавајќи дела очекува бројот на лиценцирани фирми да се намали на околу 2.500 по следната контрола.

Министерот рече дека во наредниот период ќе се испитуваат и проектите во кои учествувале овие фирми, а компаниите што ја изгубиле лиценцата, најмалку една година нема да можат да аплицираат за нова.

Николоски информира дека по итна постапка уште во вторник ќе бидат доставени законски измени, со кои овие контроли ќе станат облигаторни на секои шест месеци да мора да се прават, а исто така второстепеноста и третостепеноста, во рамки на одлучувањето нема да влијае на постапките за одземање на лиценца.

– Мојот предлог на измени на закон ќе биде жалбата да не го одлага извршувањето односно лиценцата веднаш се одземе, а после тоа да имаат право да се жалат. Оние кои ќе ја изгубат лиценцата најмалку една година нема да можат да аплицираат повторно. Доколку за било кој од нив, МВР или Јавното обвинителство утврди дека имале и кривични дела во рамки на своето работење, тогаш веќе настапуваат други органи и тогаш веќе има и кривична одговорност во нивното работење, изјави Николоски.

Додаде дека е информиран оти обемни контроли прават и Министерството за економија и Државниот пазарен инспекторат, Царинската управа, Агенцијата за храна и ветеринарство, неколку институции во рамки на Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство, неколку институциии во рамки на Министерството за енергетика во делот на концесии. 

– Има голема масивна акција на проверка на она што се случувало досега и сум убеден дека тоа ќе води и кон зајакнување на законите, рече Николоски, потенцирајќи дека целта не е да казнуваат, туку целта е да се почитуваат законите и прописите.

Николоски истакна дека основната цел не е да санкционираат субјекти, туку да се воспостави стабилен и функционален правен систем. Тој додаде дека оваа ситуација треба да биде поука за иднината и дека Владата е посветена на преземање на решителни чекори за подобрување на состојбите, притоа нагласувајќи дека неопходно е брзо донесување на промени.

Министерот Николоски објасни дека според Законот за угостителска дејност, проверката на потребните документи за објектите, како што е кабаре, е оставена на совеста на подносителите и службениците во Министерството за економија. Тој додаде дека како резултат на тоа, се случил недостаток на соодветна контрола, што довело до сегашните проблеми.

– Тоа е така во Законот за угостителска дејност, каде што практично е оставено на совеста на оној кој што поднесува и оставено е на службениците во рамки на службениците во Министерството за економија, да ги проверуваат тие потребни документи кои што треба да ги има еден објект, во случајов да се нарекува кабаре, и на крај имавме резултат како што имавме, истакна Николоски. 

Тој изрази уверување дека Владата вложува максимални напори за да ги коригира состојбите и да ги подобри механизмите на контрола. Како што нагласи тој, ова е наследена ситуација од последните 30 години, која не може да се реши преку ноќ, но постои силна мотивација кај сите инволвирани да се направат потребните промени. 

Според него, важно е да се дејствува брзо и решително, со цел да се постигне напредок и да се создаде стабилна и правна основа за иднината.

– Ова треба да е голема поука да не ни се повторуваат вакви работи во иднина, и како Влада правиме максимум што е во наша можност да ги корегириаме овие состојби. Ова е наследена ситуација од изминатите 30 години, не оди лесно, но она што го гледаме , гледаме мотив кај сите да се менува и мислам дека треба да го направиме тоа час поскоро, заклучи министерот Николоски. 

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

ДЕВЕТ ВОЗАЧИ ЗАВРШИЈА ВО СТАНИЦА Малолетници и пијан возач меѓу

10/03/2026
Македонија

48 ЧАСОВЕН ПРИТВОР ЗА СОПРУГОТ ОД КАРПОШ Јовановски е осомничен

04/03/2026
Македонија

МЕТЕО ПРЕСВРТ ВО ТЕКОТ НА ДЕНОТ Магла наутро, повеќе облаци

03/03/2026
Македонија

Битиќи: Владата се движи кон автократски модел и не остава

03/03/2026
Македонија

Битиќи: Буџетот не е во добра кондиција, дел од расходите

03/03/2026
Македонија

РЕФОРМИТЕ ВО ФОКУС НА ВЛАДАТА Мицкоски најави конкретни мерки за

03/03/2026
Македонија

Битиќи предупредува: Цената на гасот веќе е двојно повисока, Македонија

03/03/2026
Македонија

Ангела Николовска од Доха: Денеска е мирно, македонската амбасада работи

03/03/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 42209
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

ДЕВЕТ ВОЗАЧИ ЗАВРШИЈА ВО СТАНИЦА Малолетници и пијан возач меѓу приведените

10/03/2026

Девет возачи вчера завршиле во полициска станица поради тешки прекршоци во сообраќајот, информираа од Министерство за внатрешни работи на Република

48 ЧАСОВЕН ПРИТВОР ЗА СОПРУГОТ ОД КАРПОШ Јовановски е осомничен за неколку кривични дела, ОЈО

04/03/2026

Судијата на претходна постапка од Основниот кривичен суд Скопје определи мерка краткотраен притвор од 48 часа против Стојанче Јовановски, сопругот

МЕТЕО ПРЕСВРТ ВО ТЕКОТ НА ДЕНОТ Магла наутро, повеќе облаци попладне

03/03/2026

Метеоролозите нѐ информираат дека утре претпладне ќе биде сончево со мала до умерена облачност и со услови за појава на

Novina.mkNovina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy