
Со експлозив разнесен банкомат во Бутел, полицијата на терен
Утрово со експлозив бил разнесен банкомат во скопската населба Бутел, дознава „Локално“. Инцидентот се случил кај „Алпи“ на улица „Христијан Тодоровски-Карпош“.
Полицијата е на терен и во моментов се врши увид на местото на настанот.
Пред повеќе од шест месеци се случи сличен напад кога вооружени лица со пиштол му се заканиле на обезбедувањето на деловен објект во Топанско Поле, а потоа поставиле експлозив на четири банкомати лоцирани во близина.