Skip to content
Novina.mk Novina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 СО ЕДЕН ТАГ НИЗ СРБИЈА И МАКЕДОНИЈА – По скоро две години почна да функционира електронската наплата во двете земји
Економија

СО ЕДЕН ТАГ НИЗ СРБИЈА И МАКЕДОНИЈА – По скоро две години почна да функционира електронската наплата во двете земји

01/07/2023

AA

Македонија и Србија од денеска со заеднички систем за наплата на патарина со еден „таг“.  Наместо да запираат или да купуваат дополнителен уред или картичка, возачите од двете земји ќе може со еден уред да платат патарини.

Од Јавното претпријатие за државни патишта велат дека системот ги поминал успешно сите тестирања, подготвен е за употреба и е функционален.

ТАГ-от (микробранов транспондер) треба да се регистрира (преконфигурира) на веб пoрталот openbalkan-etc.com

– Изминатиов период се правеше подготовка на интеграцијата на системите за наплата на патарина на Македонија и Србија. Исто така, се вршеше подготовка и изработка на безбеден и ефикасен начин за реализација на трансакциите во двете земји. Во интеграцијата на системот е ангажиран кадар што и досега работеше на воспоставување на електронската наплата – објаснуваат од ЈПДП.

Примената на т.н „еден таг“ треба да ја зголеми безбедноста во сообраќајот и да го намали метежот на автопатиштата.

– Очекуваме овој начин на плаќање на патарина да го растовари и протокот на возила на наплатните рампи, да се намали емисијата на штетни гасови од моторните возила, а предност за граѓаните е што во таканаречениот шпиц во сезоната нема да чекаат во редици, а ова, пак, значи дека побрзо ќе стигаат до одредената дестинација – велат од ЈПДП.

Проектот беше најавен во септември 2021 година  во рамки на иницијативата „Отворен Балкан“, а во март годинава  на 31 март годинава министерот за транспорт и врски Благој Бочварски и српскиот министер за градежништво, транспорт и инфраструктура Горан Весиќ потпишаа меморандум за соработка за интероперабилниот електронски систем за наплата на патната такса, како дел од процесот „Отворен Балкан“.

На патарините во државава од почетокот на годинава заклучно со 31-ви мај од наплата на патарина остварен е вкупен промет од 1.321.951.952 денари (21.495.154 евра) 

Остварен е зголемен промет во однос на истиот период во 2022 (за првите пет месеци) во висина од 248.009.407, денари повеќе, или изразено во евра 4.032.673 поголем промет што претставува зголемување од над 23 проценти.

Електронската наплата во вкупно остварениот промет од наплата на патарина учествува со удел помеѓу 30 проценти до 33 проценти.

Електронски систем за наплата на патарини во државава е воведен од јули 2019 година на седум наплатни станици на Коридор 10, а во тек е модернизација со поставување таков систем на наплатните станици Миладиновци, Глумово, Желино, Тетово и Гостивар на Коридорот 8.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

ДОЖДОТ СЕ ВРАЌА, ОД ВТОРНИК ЗАТОПЛУВАЊЕ Седмицата носи променливо време

08/11/2026
Македонија

ИВА МИХАИЛОВА ОБВИНУВА ДЕКА Ѝ БАРАЛЕ ПАРИ ЗА УСЛОВНА КАЗНА

08/11/2026
Македонија

ПОЧИНА Д-Р ЗОРАН СПИРОВСКИ Беше истакнат торакален хирург и екс-директор

08/11/2026
Македонија

ГО ЗЕЛ ДВЕГОДИШНОТО ДЕТЕ И ЗАМИНАЛ ВО ШВАЈЦАРИЈА Татко од

08/11/2026
Македонија

📷 „НИТУ ЕДНА ПОВЕЌЕ“, „НЕМА ДА НÈ СНЕМА“, „УШТЕ КОЛКУ

08/11/2026
Македонија

ТАЈНО ЈА СНИМАЛ, ПА Ѝ СЕ ЗАКАНУВАЛ СО ЕКСПЛИЦИТНИ ВИДЕА

08/11/2026
Македонија

ЕВРОПСКАТА КОМИСИЈА ГИ ПРЕПОЗНА РЕФОРМИТЕ НА ЗНАМ Од 33 подготвени

08/11/2026
Македонија

СДСМ ШИРИ ПАНИКА, А МОЛЧЕЛ ЗА 110 МИЛИОНИ ОД ВЕНЕЦУЕЛА

08/11/2026
  • Економија 7906
  • Магазин 4842
  • Македонија 46660
  • Регион 4000
  • Свет 20
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

ДОЖДОТ СЕ ВРАЌА, ОД ВТОРНИК ЗАТОПЛУВАЊЕ Седмицата носи променливо време и утринска магла

08/11/2026

Времето в понеделник, 9 ноември, ќе биде променливо облачно со сончеви периоди. Во попладневните часо пви и во текот на

ИВА МИХАИЛОВА ОБВИНУВА ДЕКА Ѝ БАРАЛЕ ПАРИ ЗА УСЛОВНА КАЗНА Во бугарски подкаст рече и

08/11/2026

Ива Михаилова, обвинета за предизвикување сообраќајна несреќа со смртни последици, се појави со својот адвокат во подкастот на бугарскиот новинар

ПОЧИНА Д-Р ЗОРАН СПИРОВСКИ Беше истакнат торакален хирург и екс-директор на Торакална

08/11/2026

Почина проф. д-р Зоран Спировски, истакнат торакален хирург, поранешен директор на Клиниката за торакална и васкуларна хирургија и професор на

Novina.mk Novina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy