Skip to content
Novina.mkNovina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 Со брз воз, растојанието меѓу Анкара и Измир ќе се помине за само 3 и пол часа
Македонија

Со брз воз, растојанието меѓу Анкара и Измир ќе се помине за само 3 и пол часа

06/01/2024

AA

Со брз воз, растојанието меѓу Анкара и Измир ќе се помине за само 3 и пол часа. Ова вчера го соопшти министерот за транспорт и инфраструктура на Турција, Абдулкадир Уралоглу, цитиран од ТВ Си-Ен-Ен-Турк.

Продолжува имплементацијата на проектот за брза линија Анкара-Измир, а досега се завршени 62,9 отсто од проектот, рече Уралоглу.

Тој прецизираше дека железничката линија Анкара-Измир ќе биде долга 624 километри, а растојанието ќе се помине за само три и пол часа.

Во моментов, постои и железничка врска меѓу турската престолнина и градот во Егејското Море, пругата е долга 824 километри, а патувањето трае 14 часа.

Министерот Уралоглу рече и дека со отворањето на новата брза пруга значително ќе се намали времето на патување од Анкара до западниот град Маниса (од 11 часа и 45 минути на 2 часа и 50 минути).

Брзите возови сообраќаат во неколку правци во Турција, вклучувајќи ја и линијата Анкара-Истанбул. Растојанието од турската престолнина до Истанбул е поминато за нешто повеќе од четири часа. Возот развива до 270 km/h, но во областа Истанбул се движи со помала брзина.

Во моментов се развива проект за супер брз воз на линијата Анкара-Истанбул , кој ќе се движи со 350 km/h, а растојанието меѓу двата града ќе биде поминато за само 80 минути.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

ДЕВЕТ ВОЗАЧИ ЗАВРШИЈА ВО СТАНИЦА Малолетници и пијан возач меѓу

10/03/2026
Македонија

48 ЧАСОВЕН ПРИТВОР ЗА СОПРУГОТ ОД КАРПОШ Јовановски е осомничен

04/03/2026
Македонија

МЕТЕО ПРЕСВРТ ВО ТЕКОТ НА ДЕНОТ Магла наутро, повеќе облаци

03/03/2026
Македонија

Битиќи: Владата се движи кон автократски модел и не остава

03/03/2026
Македонија

Битиќи: Буџетот не е во добра кондиција, дел од расходите

03/03/2026
Македонија

РЕФОРМИТЕ ВО ФОКУС НА ВЛАДАТА Мицкоски најави конкретни мерки за

03/03/2026
Македонија

Битиќи предупредува: Цената на гасот веќе е двојно повисока, Македонија

03/03/2026
Македонија

Ангела Николовска од Доха: Денеска е мирно, македонската амбасада работи

03/03/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 42209
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

Цената на нафтата порасна по мешаните сигнали за тензиите меѓу САД и Иран

27/06/2025

Американската сурова нафта WTI (West Texas Intermediate) денес поскапе за повеќе од еден процент, на близу 66 долари за барел,

Трамп најави потпишување на трговски договор меѓу САД и Кина

27/06/2025

Претседателот на Соединетите Американски Држави, Доналд Трамп, изјави дека САД и Кина потпишале трговски договор, но не беа објавени детали

Зеленски бара силни санкции за Русија – удар по нафтата, банките и оружената индустрија

26/06/2025

Претседателот на Украина, Володимир Зеленски, денес изјави дека главните цели на 18-тиот пакет санкции на ЕУ треба да бидат нафтата,

Novina.mkNovina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy