
„СО БРАНЕ И РИЛИНД НЕ СЕ ПЛАШЕВ ОД НИТУ ЕДНА БИТКА“ – средба на Тевдовски со некогашните соработници
Тој беше министер за финансии, а тие, Бранимир Јовановиќ и Рилинд Кабаши соработуваа со него во неговиот кабинет. Се бореа за повисоки даноци за богатите и за повеќе права на работниците. Потоа патиштата ги однесоа на различни страни…, но пријателството останува. Сега повторна средба, во Виена.
„Една народна мудрост вика дека ‚без другари не се оди ни на свадба, а со добри другари не се плаши да одиш во војна’“.
Со Бране и Рилинд, не се плашев од ниту една битка“, напиша ексминистерот за финансии Драган Тевдовски на својот фејсбук профил.
