Skip to content
Novina.mkNovina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 Со акција на бесплатни прегледи, Институтот за јавно здравје го одбележува Светскиот ден на срцето 
Македонија

Со акција на бесплатни прегледи, Институтот за јавно здравје го одбележува Светскиот ден на срцето 

30/09/2023

AA

Со акција за бесплатни прегледи за проверка на шеќер во крвта, холестерол и крвен притисок, Институтот за јавно здравје во Градскиот парк во Скопје денеска го одбележува Светскиот ден на срцето – 29 септември.

Министерот за здравство, Фатмир Меџити, на настанот изјави дека Денот на срцето претставува аларм за будење на колективна свест во правец на превенција на сите ризик фактори кои зависат од поединецот.

– Годинава под мотото „Користи го срцето и знај повеќе за срцето“, упатуваме јасна порака дека најдобро се чува она што добро се познава. Со ова апелираме будно следење и контрола на сите ризик фактори како покачен крвен притисок, дијабет, обезност и друго, за популацијата афектирана од овие состојби, а за останатите редовни прегледи со цел навремена дијагноза, потенцираше министерот.

Како совети ги издвои прекин на пушењето и други нездрави наивки, воведување здрав режим во скојдневната исхрана, како и спортска активност.

– Возрасната група над 65 години е сѐ уште највулнерабилна и најзасегната од кардиоваскуларните заболувања. Но, 20 проценти ѝ припаѓаат и на помладата популација. Затоа, апелираме добро да си го знаете срцето и свесно и активно да ни помогнете во нашата дејност, рече Меџити.

Проф. Д-р, Елена Ќосевска од Институтот за јавно здравје изјави дека Институтот го одбележува овој ден за да се подигне свеста кај граѓаните да водат здрав стил и да се грижат за своето здравје.

– Направена е акција со соработка со Детскиот културен центар Карпош и Градинката „13 Ноември“. Сакавме да постигнеме подигање на свеста уште од мали нозе кај децата, да знаат што значи овошје, што зеленчук и да се грижат за своето здравје, рече таа, појаснувајќи дека во 2022 година имало девет случаи на починати млади луѓе од срце.

Џулијана Михајловска, специјалист и докринолог на болницата Жан Митрев, изјави дека оваа акција ја поддржуваат со организирање бесплатни кардиолошки прегледи.

– Во текот на вчерашниот ден тие беа во сите здравствени организации во Битола, Струмица и Скопје. Денеска учествуваме во акцијата за подигнување на свеста на граѓаните за намалување на ризик факторите, а со тоа и намалување на компликациите на кардиоваскуларните заболувања, изјави таа.

Ана Челиќич, од Универзитетската Клиника за кардиологија потенцираше дека секојдневно работат на рано откривање на пациентите кои се со кардиоваскуларни болести. Појасни дека го користеле Европскиот спорт систем кој го одредува десетгодишниот ризик од фатален кардиоваскуларен настан.

– Со одредување на високиот крвен притисок, холестеролот, полот, возраста и дишењето како ризик фактор, се одредува бројот кој на пациентите им е од неизмерна важност, а нам ќе ни овозможи следење навремено и првенствено следење и унапредување на квалитетот на животот на нашите пациенти, рече таа.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

ДЕВЕТ ВОЗАЧИ ЗАВРШИЈА ВО СТАНИЦА Малолетници и пијан возач меѓу

10/03/2026
Македонија

48 ЧАСОВЕН ПРИТВОР ЗА СОПРУГОТ ОД КАРПОШ Јовановски е осомничен

04/03/2026
Македонија

МЕТЕО ПРЕСВРТ ВО ТЕКОТ НА ДЕНОТ Магла наутро, повеќе облаци

03/03/2026
Македонија

Битиќи: Владата се движи кон автократски модел и не остава

03/03/2026
Македонија

Битиќи: Буџетот не е во добра кондиција, дел од расходите

03/03/2026
Македонија

РЕФОРМИТЕ ВО ФОКУС НА ВЛАДАТА Мицкоски најави конкретни мерки за

03/03/2026
Македонија

Битиќи предупредува: Цената на гасот веќе е двојно повисока, Македонија

03/03/2026
Македонија

Ангела Николовска од Доха: Денеска е мирно, македонската амбасада работи

03/03/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 42209
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

ДЕВЕТ ВОЗАЧИ ЗАВРШИЈА ВО СТАНИЦА Малолетници и пијан возач меѓу приведените

10/03/2026

Девет возачи вчера завршиле во полициска станица поради тешки прекршоци во сообраќајот, информираа од Министерство за внатрешни работи на Република

48 ЧАСОВЕН ПРИТВОР ЗА СОПРУГОТ ОД КАРПОШ Јовановски е осомничен за неколку кривични дела, ОЈО

04/03/2026

Судијата на претходна постапка од Основниот кривичен суд Скопје определи мерка краткотраен притвор од 48 часа против Стојанче Јовановски, сопругот

МЕТЕО ПРЕСВРТ ВО ТЕКОТ НА ДЕНОТ Магла наутро, повеќе облаци попладне

03/03/2026

Метеоролозите нѐ информираат дека утре претпладне ќе биде сончево со мала до умерена облачност и со услови за појава на

Novina.mkNovina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy