
Снимен моментот кога ракетата го погоди рускиот град: Москва тврди дека нападот го извршиле Украинци
На социјалните мрежи кружи видео од ракетниот напад врз Таганрог, а Скај њуз наведува дека успеале да ја потврдат автентичноста на видеото.
Претходно денеска руското Министерство за одбрана ја обвини Украина за овој напад, во кој беа повредени неколку лица.
Москва го обвини Киев за „терористички напад“.
„Киевскиот режим изврши терористички напад со противвоздушна ракета на системот за воздушна одбрана С-200 врз станбената инфраструктура на градот Таганрог во Ростовската област“, соопшти Министерството.
Видеото можете да го погледнете ТУКА!