
Снежна лавина на Попова Шапка повреди 24-годишен турист од Данска
На 16.02.2026 во 14:50 часот во СВР Тетово е пријавено дека на Попова Шапка, кај местото викано „Церипашина“, екипа од друштво за спортски и други услуги со специјално возило во 16:10 часот го пронашла лицето Ф.М.Л. (24) од Данска, кој бил повреден од снежна лавина додека скијал.
По укажаната помош, лицето со амбулантно возило е пренесено во приватна болница во Скопје.
