
„СНЕГОТ НАПРАВИ ХАОС, ЌЕ ИМАМЕ НАПОРНА НОЌ: Со тешка механизација расчистуваат на Златибор
Поради обилниот снег кој од утрово непрекинато паѓа во
регионот на Ужице, екипите на компанијата „Патишта на Ужице“ беа принудени да
го зголемат бројот на екипи на терен и да извадат тешка механизација.
Сите патишта во населбата Златибор се проодни, вели за
„Блиц“ Ален Мушановиќ, менаџер за одржување на патиштата, но снег има на
патиштата на повисоките места, особено на главните патишта преку Златибор и на
територијата на Нова Варош. Само малку подобро е преку Дебели брдо, Кадињача и
Тара. Забрана за товарен сообраќај има за сите возила над 7,5 тони.
– Се бориме како лавови, камионите не ги гасиме. Го
зголемивме бројот на ангажирани екипи од 12 утрово на 17. Очекуваме напорна ноќ
бидејќи е најавено дека врнежите ќе престанат дури утре рано наутро – вели
Мушановиќ.
Снегот на Златибор почна да паѓа утрово во девет часот и не
престанува. На оваа планина е формирана снежна покривка од 20 сантиметри, а на
Торник, нејзиниот највисок врв до 30 сантиметри. Моменталната температура на Златибор е три степени под
нулата, а густата магла ја намалува видливоста.
ФОТО: Blic.rs/Print Screen