Skip to content
Novina.mkNovina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 Снегот ја блокираше Македонија: Заглавени камиони, непроодни патишта и прекини во сообраќајот
Македонија

Снегот ја блокираше Македонија: Заглавени камиони, непроодни патишта и прекини во сообраќајот

21/01/2026

AA

Центарот за управување со кризи преку соопштение информира за состојбата со врнежите од снег.

Скопски регион

Поради мраз и снег на коловозите во Град Скопје, зимската служба е ангажирана со целосна механизација и континуирано врши чистење и посолување на сообраќајниците. Во Општина Ѓорче Петров е забележан застој во сообраќајот поради тестирање на системот „Сејф Сити“. Во Општина Бутел, кај кружен тек, е блокирана улица поради застаната цистерна. За состојбата се известени Град Скопје и Полициската станица Бутел. Автобускиот јавен превоз моментално не сообраќа до крајните автобуски линии. Општинските зимски служби интензивно работат на нормализирање на состојбата.

Битолски регион

ЈП „Македонија пат“ врши расчистување на приоритетните патни правци, по што ќе следи интервенција и на останатите патишта.
Во општините Прилеп, Кривогаштани и Долнени нема пријавени вонредни настани.

Велешки регион

Во општините Свети Николе и Лозово сите патни правци се проодни во зимски услови.
Во Општина Чашка машините се на терен, но на патниот правец Велес – Чашка сообраќајот се одвива отежнато.
Патиштата во Неготино и Демир Капија се проодни, при што се врши континуирано посолување.
Патниот правец кон село Раштани (Општина Велес) е непрооден.
Во Кавадарци и Росоман се врши интензивно посолување и расчистување, а сите патни правци се проодни во зимски услови.

Кумановски регион

Сите патни правци се проодни во зимски услови, а се врши расчистување и опесочување.
Во Куманово дел од улиците се тешко проодни.
На ГП Табановце има заглавени товарни возила поради нерасчистен пат.
Во Општина Ранковце регионалниот пат кон село Герман е делумно непрооден поради висина на снегот.
Во Крива Паланка, Кратово и Липково патните правци се проодни, а комуналните служби се на терен.

Полошки регион (Тетово, Гостивар)

Сите патни правци се проодни во зимски услови.
Во Општина Желино, поради дефект, во текот на вчерашниот ден имало прекин во снабдувањето со електрична енергија.
Во Маврово и Ростуше снежната покривка изнесува околу 10 см, а воведена е забрана за сообраќај на тешки товарни возила на патните правци Гостивар – Маврово – Дебар и Гостивар – Стража.

Источен и југоисточен регион

Во регионите Штип и Струмица сообраќајот се одвива непречено во зимски услови, без прекини во снабдувањето со електрична енергија и вода.

Југозападен регион

Во Охрид, Струга, Дебар, Центар Жупа и Кичево сите патни правци се проодни. Во Кичево има снежна покривка до 10 см и се врши расчистување и опесочување.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

ДЕВЕТ ВОЗАЧИ ЗАВРШИЈА ВО СТАНИЦА Малолетници и пијан возач меѓу

10/03/2026
Македонија

48 ЧАСОВЕН ПРИТВОР ЗА СОПРУГОТ ОД КАРПОШ Јовановски е осомничен

04/03/2026
Македонија

МЕТЕО ПРЕСВРТ ВО ТЕКОТ НА ДЕНОТ Магла наутро, повеќе облаци

03/03/2026
Македонија

Битиќи: Владата се движи кон автократски модел и не остава

03/03/2026
Македонија

Битиќи: Буџетот не е во добра кондиција, дел од расходите

03/03/2026
Македонија

РЕФОРМИТЕ ВО ФОКУС НА ВЛАДАТА Мицкоски најави конкретни мерки за

03/03/2026
Македонија

Битиќи предупредува: Цената на гасот веќе е двојно повисока, Македонија

03/03/2026
Македонија

Ангела Николовска од Доха: Денеска е мирно, македонската амбасада работи

03/03/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 42209
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

ДЕВЕТ ВОЗАЧИ ЗАВРШИЈА ВО СТАНИЦА Малолетници и пијан возач меѓу приведените

10/03/2026

Девет возачи вчера завршиле во полициска станица поради тешки прекршоци во сообраќајот, информираа од Министерство за внатрешни работи на Република

48 ЧАСОВЕН ПРИТВОР ЗА СОПРУГОТ ОД КАРПОШ Јовановски е осомничен за неколку кривични дела, ОЈО

04/03/2026

Судијата на претходна постапка од Основниот кривичен суд Скопје определи мерка краткотраен притвор од 48 часа против Стојанче Јовановски, сопругот

МЕТЕО ПРЕСВРТ ВО ТЕКОТ НА ДЕНОТ Магла наутро, повеќе облаци попладне

03/03/2026

Метеоролозите нѐ информираат дека утре претпладне ќе биде сончево со мала до умерена облачност и со услови за појава на

Novina.mkNovina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy