
СНЕГ ВО ЈУНИ НА ТРИГЛАВ ВО СЛОВЕНИЈА: Словенците прават снешковци
Снег во јуни падна во Словенија. Врвот Кредарица на планината Триглав денеска беше покриен со снег. Во земјата имаше и заладување.
Метеоролозите на Агенцијата за животна средина (Арсо) на мрежата Х напишаа дека зимата уште не се збогувала во ридовите. Од северозапад се очекува разведрување вечерва.
„Зимата во ридовите сè уште не се збогува. Снег врне на нашата највисока метеоролошка станица во Кредарица“, напишаа тие.
Инаку, во Белград во Србија денеска паѓаше град. Покрупен град деновиве паѓаше во дел од српските градови.
