Skip to content
Novina.mkNovina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 СНЕГ ВО СОСЕДСТВОТО – Портокалова метеоролошка тревога во Србија, за утре се најавуваат мраз и температури под нулата
Регион

СНЕГ ВО СОСЕДСТВОТО – Портокалова метеоролошка тревога во Србија, за утре се најавуваат мраз и температури под нулата

06/04/2025

AA

Медиумите од соседството јавуваат дека низ соседна Србија веќе паѓа снег, на дел од планините е забелено, а снег провејува и низ Белград.

Според последното соопштение на Републичкиот хидрометеоролошки завод (РХМЗ), денеска во Србија не очекува ветровито и значително постудено време, температурите во однос на вчерашните се намалени за 10 до 15 Целзиусови степени, додека на планините се очекува снег.

Слаб снег дуваше и во Белград околу 20 часот, а моменталната температура во главниот град е 4 степени Целзиусови.

Утрово најстудено беше во Копаоник, каде беа измерени – 6 степени, потоа во Златибор – 2, Сјеница – 1 степен, додека најтопло беше во Зајечар и Неготин со 5 степени.

Како што соопштија од РХМЗ, врнежите денеска во текот на претпладнето ќе престанат на северот на Србија. Облачно со врнежи од дожд, на некои места во пониските предели на западна и централна Србија, а на планините снег.

Времето денес во Србија

Во текот на денот ќе биде умерено до целосно облачно, на места со врнежи од дожд, но и краткотрајни врнежи од снег. На планините, како и на некои места во пониските предели на југозападна и јужна Србија снег“, се посочува во соопштението на РХМЗ.

Во текот на денот ќе дува умерен и засилен северен и северозападен ветер, а во планинските предели се очекуваат краткотрајни и бурни налети. Дневната температура од 2 °C на југ до 8 °C на северот од земјава.

Време од понеделник

На почетокот на наредната недела, поточно од понеделник, се очекува утрински мраз на територијата на цела Србија со интензитет од -6 до 0 степени на височина од два метри, а во планинските предели околу -10 °С, додека постепено зголемување на температурите се очекува дури во втората половина на наредната недела.

Во деновите од неделата што следи променливо време со услови за повремени краткотрајни врнежи.

Жолтиот и портокаловиот метео аларм е вклучен

Кога станува збор за метеоролошките аларми, денеска на територијата на Србија се активни три – зелена, жолта и портокалова.

Во источна Србија е во сила жолт метео аларм поради снег и мраз.

Во Југоисточна и Југозападна Србија, како и на Косово и Метохија, исто така поради присуството на снег и мраз е активиран портокаловиот метео аларм.

Што значи жолт временски аларм?

“Времето може да биде (потенцијално) опасно. Временските феномени кои се прогнозирани не се невообичаени, но потребна е претпазливост доколку планирате активности кои се изложени на метеоролошки ризик. Треба да продолжите да бидете информирани за очекуваните метеоролошки услови. Не преземајте непотребни ризици”, предупредува РХМЗ.

Што значи портокаловиот временски аларм?

„Времето е опасно. Се предвидуваат опасни временски појави, кои се со таков интензитет што можат да предизвикаат материјални штети и да бидат опасни за луѓето и животните. Треба да бидете многу внимателни, свесни за ризиците и редовно да се информирате за деталите за очекуваните метеоролошки услови. Следете ги советите дадени од надлежните државни служби“, нагласуваат од РЗМЗ.

Фото: Архива

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

ДЕВЕТ ВОЗАЧИ ЗАВРШИЈА ВО СТАНИЦА Малолетници и пијан возач меѓу

04/03/2026
Македонија

48 ЧАСОВЕН ПРИТВОР ЗА СОПРУГОТ ОД КАРПОШ Јовановски е осомничен

04/03/2026
Македонија

МЕТЕО ПРЕСВРТ ВО ТЕКОТ НА ДЕНОТ Магла наутро, повеќе облаци

03/03/2026
Македонија

Битиќи: Владата се движи кон автократски модел и не остава

03/03/2026
Македонија

Битиќи: Буџетот не е во добра кондиција, дел од расходите

03/03/2026
Македонија

РЕФОРМИТЕ ВО ФОКУС НА ВЛАДАТА Мицкоски најави конкретни мерки за

03/03/2026
Македонија

Битиќи предупредува: Цената на гасот веќе е двојно повисока, Македонија

03/03/2026
Македонија

Ангела Николовска од Доха: Денеска е мирно, македонската амбасада работи

03/03/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 42209
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

ДЕВЕТ ВОЗАЧИ ЗАВРШИЈА ВО СТАНИЦА Малолетници и пијан возач меѓу приведените

04/03/2026

Девет возачи вчера завршиле во полициска станица поради тешки прекршоци во сообраќајот, информираа од Министерство за внатрешни работи на Република

48 ЧАСОВЕН ПРИТВОР ЗА СОПРУГОТ ОД КАРПОШ Јовановски е осомничен за неколку кривични дела, ОЈО

04/03/2026

Судијата на претходна постапка од Основниот кривичен суд Скопје определи мерка краткотраен притвор од 48 часа против Стојанче Јовановски, сопругот

МЕТЕО ПРЕСВРТ ВО ТЕКОТ НА ДЕНОТ Магла наутро, повеќе облаци попладне

03/03/2026

Метеоролозите нѐ информираат дека утре претпладне ќе биде сончево со мала до умерена облачност и со услови за појава на

Novina.mkNovina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy