
СНЕГ ЌЕ ИМА И УТРЕ: Еве како ќе биде до крај на неделата!
Променливо облачно со повремени врнежи од снег, а само во јужните делови од дожд и снег. Ќе дува слаб до умерен, долж Повардарието повремено засилен ветер од северен правец. Слаб локален снег ќе има и во текот на ноќта. Максималната температура ќе биде во интервал од 0 до 8 степени.
Променливо облачно со повремени врнежи од снег. Ќе дува слаб до умерен северен ветер. T= 4 °C, P= 984 hPa, U= 85 %, V= 3 m/s. (Т- температура, P- притисок, U- релативна влажност, V- средна брзина на ветер)
Утре времето ќе биде променливо облачно со повремени слаби врнежи од снег. Ќе дува умерен, а кон крајот на денот, во текот на ноќта и во среда засилен северен ветер. Од среда облачноста ќе се намали и ќе преовладува стабилно и студено време со ниски утрински температури кои наместа ќе се спуштат и под -10 степени.