Skip to content
Novina.mkNovina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 Сметките за струја не стигаат на домашна адреса на граѓаните, Пошта не ги носи
Економија

Сметките за струја не стигаат на домашна адреса на граѓаните, Пошта не ги носи

18/12/2024

AA

Сметките за електрична енергија веќе извесен период не стигнуваат на домашна адреса кај дел од  домаќинствата . Потрошувачи од центарот на Скопје се жалат дека веќе неколку месеци не добиле сметка, по што биле исклучени од мрежа поради неподмирени долгови. 

– Собирам по неколку сметки и ги плаќам редовно. Отидов да прашам во наплатниот центар на универзалниот снабдувач зошто сум исклучен.Од таму ми рекоа дека не сум платил неколку сметки. Јас тие не сум ги добил на домашна адреса, па бев принуден да ги платам одеднаш и да платам за повторен приклучок, се пожали еден постар граѓанин од Центар кој стапи во контакт со редакцијата.

Од универзалниот снабдувач ЕВН Хоме ни рекоа дека имаат договор со АД Пошта за доставување на сметките, но дека од таму неколку години по ред не ги извршуваат задачите целосно.


„ЕВН Македонија ги користи услугите на Македонска пошта за достава на фактури за потрошена електрична енергија до корисниците. 
Компанијата има на располагање голем број онлајн услуги, дел од што е и електронската достава на фактурите.

На страницата evnonline.mk на многу брз и едноставен начин корисниците може да се регистрираат за добивање на фактурите за електрична енергија по електронски пат или да креираат кориснички профил „Мој ЕВН Хоме“ и во секое време да бидат во можност да преземат фактури.

Со овие услуги фактурите ќе ги добиваат навремено и го ќе избегнуваат моментот на недобивање на истите. Освен тоа, за добивање на фактура корисниците може да се обратат во нашите Кориснички енерго центри и Контакт центарот на ЕВН Македонија“, гласи одговорот кој го добивме од снабдувачот.

Прашања беа испратени и до АД Пошта на РСМ зошто веќе неколку месеци воопшто не се доставуваат фактури на домашна адреса и колку региони се во прашање, но од таму не добивме одговор.

А.К.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

ДЕВЕТ ВОЗАЧИ ЗАВРШИЈА ВО СТАНИЦА Малолетници и пијан возач меѓу

10/03/2026
Македонија

48 ЧАСОВЕН ПРИТВОР ЗА СОПРУГОТ ОД КАРПОШ Јовановски е осомничен

04/03/2026
Македонија

МЕТЕО ПРЕСВРТ ВО ТЕКОТ НА ДЕНОТ Магла наутро, повеќе облаци

03/03/2026
Македонија

Битиќи: Владата се движи кон автократски модел и не остава

03/03/2026
Македонија

Битиќи: Буџетот не е во добра кондиција, дел од расходите

03/03/2026
Македонија

РЕФОРМИТЕ ВО ФОКУС НА ВЛАДАТА Мицкоски најави конкретни мерки за

03/03/2026
Македонија

Битиќи предупредува: Цената на гасот веќе е двојно повисока, Македонија

03/03/2026
Македонија

Ангела Николовска од Доха: Денеска е мирно, македонската амбасада работи

03/03/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 42209
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

ДЕВЕТ ВОЗАЧИ ЗАВРШИЈА ВО СТАНИЦА Малолетници и пијан возач меѓу приведените

10/03/2026

Девет возачи вчера завршиле во полициска станица поради тешки прекршоци во сообраќајот, информираа од Министерство за внатрешни работи на Република

48 ЧАСОВЕН ПРИТВОР ЗА СОПРУГОТ ОД КАРПОШ Јовановски е осомничен за неколку кривични дела, ОЈО

04/03/2026

Судијата на претходна постапка од Основниот кривичен суд Скопје определи мерка краткотраен притвор од 48 часа против Стојанче Јовановски, сопругот

МЕТЕО ПРЕСВРТ ВО ТЕКОТ НА ДЕНОТ Магла наутро, повеќе облаци попладне

03/03/2026

Метеоролозите нѐ информираат дека утре претпладне ќе биде сончево со мала до умерена облачност и со услови за појава на

Novina.mkNovina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy