Skip to content
Novina.mkNovina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 Сметките доцнат, граѓаните плаќаат камати и трошат време на административни процедури
Македонија

Сметките доцнат, граѓаните плаќаат камати и трошат време на административни процедури

12/02/2023

AA

Задоцнетата испорака на фактурите по разни основи на граѓаните кои избирале да ги добиваат во хартиена форма ги чини дополнителен износ на сметките поради плаќање камата, како и трошење време за административни процедури за „поправање“ на состојбата. Решение за тој хроничен проблем според компаниите и регулаторите е зголемена информираност на граѓаните за опциите што им се на раслогање и користење онлајн услуги.

За испораката на фактурите преку поштенско сандаче секоја компанија има посебен пристап, преку сопствени инкасанти или преку националната Пошта, како носител на универзалната услуга со монополска позиција во испораката на тој тип услуги.
Од телекомуникацискиот оператор А1 Македонија велат дека редовно ги пријавуваат поплаките за доставата на фактурите.


Поплаките т.е. приговорите за проблемите поврзани со достава на фактурите во печатена форма се пријавуваат редовно до давателот на услуги за достава – Пошта на Северна Македонија електронски по договорен канал, велат за МИА од А1 Македонија.
Опциите за достава на месечните фактури за комуникациски услуги до корисниците на А1 Македонија се во хартиена форма или електронски. Доставата на фактурите до корисниците не се наплаќа т.е. е бесплатна. Електронските фактури се достапни до крајните корисници по електронска пошта или со бесплатно преземање преку активен линк, кој им се испраќа по пат на СМС.
Од ЕВН Македонија посочуваат дека долги години промовираат многубројни онлајн услуги наменети за корисниците, од што дел е и електронската достава на фактурите.

На страницата evnonline.mk на многу брз и едноставен начин корисниците може да се регистрираат за добивање на фактурите за електрична енергија по електронски пат или да креираат кориснички профил „Мој ЕВН Хоме“ и во секое време да бидат во можност да преземат фактури. Со овие услуги фактурите ќе ги добиваат навремено и ќе го избегнуваат моментот на нивното недобивање, велат од ЕВН Македонија за МИА.
За добивање фактура корисниците може да се обратат и во корисничките центри, Контакт центарот на ЕВН Македонија и во Инфо центарот на ЕВН во ГТЦ во Скопје. Компанијата располага со повеќе решенија за плаќање кои корисниците може да ги користат: онлајн плаќање без провизија преку веб страната evnonline.mk, безготовинско плаќање без провизија, преку терминалите на ЕВН поставени во Корисничките енерго центри и Инфо центарот на ЕВН во ГТЦ, електронско плаќање без провизија, користење на траен налог и плаќање во пошта и банки.


Од ЈП „Водовод и канализација“, пак, доставата на фактурите ја вршат преку свои инкасанти и тврдат дека има минорни поплаки. За секоја поплака или рекламација на корисник, усно на шалтерите, телефонски или во електронска форма, според прес-службата на претпријатието, веднаш се реагира и доколку има потреба се доставуваат копии од фактурите. Каматата поради ненавремено подмирување на фактурите се пресметува согласно законските нормативи.

-Секој корисник на нашите услуги доколку не добие навремено фактура има обврска да го извести ЈП „Водовод и канализација“ Скопје. Ние како компанија која е сервис на граѓаните веднаш интервенираме. Сакаме да напоменеме дека минорни се поплаките за нередовна достава на фактурите, а како компанија овозможуваме и електронска достава на фактурите, со што е овозможено и брзо и лесно подмирување на фактурите без пресметка на провизија. Овој начин на достава на фактурите веќе го користат над 50.000 корисници на нашите услуги, посочуваат од ЈП Водовод и канализација за МИА.


Оттаму апелираат до граѓаните доколку имаат проблем со достава на фактурите да се обратат до нивните служби на телефонскиот број или електронската пошта и потенцираат дека остануават отворени за соработка и решавање на сите состојби кои се во нивна надлежност.

Откако ЕСМ Снабдување со топлина ја доби лиценцата за снабдување со топлинска енергија на подрачјето на градот Скопје и започна со издавање фактури за своите потрошувачи, склучи договор со АД Пошта на Северна Македонија за соработка и достава на поштенски пратки и испорака на фактури за топлинска енергија до потрошувачите кои тоа го навеле при потпишување на договорот за снабдување.

Во изминатиот период нема реакции за задоцнета испорака на фактурите за парно греење испратени преку АД Пошта до потрошувачите, изјавија од ЕСМ .
Фактурите за топлинска енергија се доставуваат до потрошувачите во еден примерок, на еден од следните начини: по електронска пошта, со услугата „е-фактура“ по претходна согласност од потрошувачите кои ја активирале услугата „е-фактура“ со достава на “формулар е-фактура” по електронска пошта [email protected] или во Пункт за потрошувачи на ЕСМ Снабдување со топлина, како и во поштенско сандаче во печатена форма.

Од Пошта  не одговорија на прашањата што ги упативме во однос на поплаките од граѓаните за ненавремена испорака на фактури, како и бројот на поднесени рекламации по тој основ. Тие од 1 февруари применуваат нови цени за осум поштенски услуги во внатрешниот поштенски сообраќај во опфатот на универзалната услуга каде имаат монополска позиција. Зголемување на цените има за стандардизирано и за нестандардизирано писмо до 50 грама за што наместо 25 денари се плаќа 36 денари, за стандардизирана картичка до 50 грама – 16 денари, за нестандардизирано писмо oд 50 до 100 грама – 48 денари, а за нестандардизирано писмо од 100 до 250 грама – 60 денари.

Поплаките на кои алармираат граѓаните не се пресликуваат во официјалната статистика со поднесени барања кај регулаторните тела на пазарите за електронски комуникации и за поштенски услуги, кои имаат имаат утврдени правила за постапување во случај на ненавремена испорака.

Во Агенцијата за пошти изминатата година корисниците на поштенски услуги поднеле 29 претставки и два управни приговора, што во споредба со 2021 година бележи намалување, кога во Агенцијата биле поднесени 49 претставки и 2 приговора.  Овој податок, според нив,  укажува дека сепак корисниците за одредени прашања и проблеми поврзани со доставата на пратките, успеваат да добијат одговор и да најдат заедничко решение со давателите на поштенските услуги во прва инстанца.

Во првото полугодие од 2022 година, до давателот на универзалната услуга АД „Пошта на Северна Македонија“ биле поднесени 273 рекламации, наспроти 458 во првото полугодие од 2021 година. Кај давателот на универзалната услуга, 99,63 проценти од рекламациите се однесувале за изгубени препорачани писма. Од АП ги поттикнуваат корисниците на поштенски услуги доколку имаат основани забелешки за услугата која ја користеле, да го искористат своето законско право, и да поднесат писмена рекламација до давателот кој ја обезбедувал поштенската услуга.

Во статистиката која ја води Агенцијата за електронски комуникаци во делот барање за решавање на спор, досега не е забележен случај на приговори од корисници, каде основ за приговор е ненавремена или воопшто недоставена фактура. Во случај кога до АЕК би пристигнало такво барање Агенцијата има обврска да ги утврдува сите факти и околности и решава во рамки на Законот за електронски комуникации (ЗЕК) и Правилникот за видот и содржината на податоците и информациите за општите услови во однос на пристапот и користењето на јавните комуникациски услуги кои ги објавуваат операторите и за видот и содржината на податоците што ке ги објавува АЕК.

Во Правилникот е утврдена формата и начинот на информирање и комуникација со претплатниците, како и дека „доставувањето на писменото може да се врши и во електронска форма, доколку операторот има потврдена еmail адреса од претплатникот преку која ќе се врши доставата”. Дополнително во член 17 од Правилник со кој е уредена фактурата и начинот на плаќање, е утврдено дека: операторот треба на своите претплатници, да им издава фактура во пишана форма и оти доставата е согласно Законот за данокот на додадена вредност.

Непримањето на фактурата или непоседувањето од која и да било причина не го ослободува претплатникот од обврската да го плати износот што го должи во предвидениот рок, односно претплатникот треба сам да ја побара фактурата, доколку не ја примил на време. Во случај на ненавремено плаќање, операторот има право да пресметува законска казнена камата од денот кога претплатникот задоцнил со плаќањето, објаснуваат од АЕК.


TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

ДЕВЕТ ВОЗАЧИ ЗАВРШИЈА ВО СТАНИЦА Малолетници и пијан возач меѓу

10/03/2026
Македонија

48 ЧАСОВЕН ПРИТВОР ЗА СОПРУГОТ ОД КАРПОШ Јовановски е осомничен

04/03/2026
Македонија

МЕТЕО ПРЕСВРТ ВО ТЕКОТ НА ДЕНОТ Магла наутро, повеќе облаци

03/03/2026
Македонија

Битиќи: Владата се движи кон автократски модел и не остава

03/03/2026
Македонија

Битиќи: Буџетот не е во добра кондиција, дел од расходите

03/03/2026
Македонија

РЕФОРМИТЕ ВО ФОКУС НА ВЛАДАТА Мицкоски најави конкретни мерки за

03/03/2026
Македонија

Битиќи предупредува: Цената на гасот веќе е двојно повисока, Македонија

03/03/2026
Македонија

Ангела Николовска од Доха: Денеска е мирно, македонската амбасада работи

03/03/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 42209
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

ДЕВЕТ ВОЗАЧИ ЗАВРШИЈА ВО СТАНИЦА Малолетници и пијан возач меѓу приведените

10/03/2026

Девет возачи вчера завршиле во полициска станица поради тешки прекршоци во сообраќајот, информираа од Министерство за внатрешни работи на Република

48 ЧАСОВЕН ПРИТВОР ЗА СОПРУГОТ ОД КАРПОШ Јовановски е осомничен за неколку кривични дела, ОЈО

04/03/2026

Судијата на претходна постапка од Основниот кривичен суд Скопје определи мерка краткотраен притвор од 48 часа против Стојанче Јовановски, сопругот

МЕТЕО ПРЕСВРТ ВО ТЕКОТ НА ДЕНОТ Магла наутро, повеќе облаци попладне

03/03/2026

Метеоролозите нѐ информираат дека утре претпладне ќе биде сончево со мала до умерена облачност и со услови за појава на

Novina.mkNovina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy