
Сместувањето во државните старечки домови поскапе за 100 евра месечно
Цената за сместување во државните старечки домови во Скопје и Битола е зголемена за 100 евра месечно, па сега наместо 20.100, жителите плаќаат 25.800 денари.
„Сител“ ообјави дека услугата за нега и исхрана на стари и болни лица во геријатриските центри низ државата од овој месец е зголемена за 190 денари дневно, односно од 670 денари на ден, од овој месец се плаќа 860 денари
Во дописот кој им бил испратен на лицата кои имаат сместено членови од семејството во одделите на Специјализираната болница за геријатриска и палијативна медицина, 13 Ноември е образложено дека повисоката цена е резултат на порастот на трошоците за живот.
Направените анализи покажале зголемени трошоци за живот, особено цената на храната, комуналните услуги, струја, вода, екстра лесно гориво за затоплување за потребите на сопствено парно греење и друго. Цената за здравствени услуги не е променета од Фондот за здравство.
Зголемување на цената имаше и лани во јули, кога сместувањето поскапе за 60 денари од ден, поради истите причини, односно зголемените трошоци за живот и во јануари 2021 та , кога дневната услуга порасна за 40 денари.