Skip to content
Novina.mkNovina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 СМЕДЕРЕВКА ОД МАКЕДОНИЈА ПРОДАВАНА КАКО ВРВНО ФРАНЦУСКО ВИНО, НАД 250 ЕВРА ПО ШИШЕ – енологот од Франција: Го мешаат со газирана вода и го пијат со плескавица на јаглен
Економија

СМЕДЕРЕВКА ОД МАКЕДОНИЈА ПРОДАВАНА КАКО ВРВНО ФРАНЦУСКО ВИНО, НАД 250 ЕВРА ПО ШИШЕ – енологот од Франција: Го мешаат со газирана вода и го пијат со плескавица на јаглен

01/04/2025

AA

Брзиот скок на цените на врвните вина од Бургундија, на кој сме сведоци во последните неколку години, се чини дека засега претставува незапирлив тренд и покрај винската криза во Европа и падот на продажбата на вината од другите историски региони. Зголемената побарувачка за вина од Бургундија почна да води кон нелегални практики, како што пренесуваат француските медиуми. Некои винари од Бургундија, поточно од Шабли и Монтраше, наместо вино од нивните апелации, шишињата ги наполниле со македонска смедеревка.

Како што покажа истрагата што ја спровеле заеднички локалните агенции за спроведување на законот во соработка со Европол, мрежата на фалсификатори на вина кои увезувале вина од Балканот броела најмалку седум лица. Според обвинителството, тие купиле готово вино од винарската визба „Газда Ѓоко“ од Мрзенци, дополнително го одлежувале во барик буриња за да развијат специфичен француски карактер, а потоа го пласирале како Шардоне под етикетите на познатите винарии од Бургундија.

Францускиот енолог Теле Репомаш, кој работи за една од винариите чии сопственици се обвинети за фалсификување бургундецот со заштитено географско потекло, застана во одбрана на својот работодавец и во исто време им даде голем комплимент на вината од Северна Македонија: Едноставно, немаме доволно вино, и никој не се занимава со тој проблем! Сфативме дека смедеревката од Северна Македонија може да биде одлична алтернатива кога ја пробавме во локално балканско бистро на пат кон Грција. Па, тоа е феноменално, тие имаат многу камени тероари, соленоста и минералноста се неверојатни. Како да одолееме, особено по таа цена – прашува Репомаше.

Енологот додаде дека се шокирал кога видел дека Балканците ги пијат овие вина измешани со газирана вода и тоа, како што рече, со некаква плескавица печена на јаглен.

Според француските медиуми, сопственикот на винарија во Северна Македонија, како што покажуваат сите докази, целосно не бил свесен за идната намена на неговите вина.

– Да, се шокирав кога слушнав дека нашата смедеревка се продава за повеќе од 250 евра по шише. Па, ние го продадовме тоа вино за 50 евроценти – искрен е Ѓоко Трпески, сопственикот на винаријата во центарот на овој голем скандал што на неочекуван начин ги поврза винарите од Франција и Северна Македонија.

Извор: Vino&Fino

Фото: ЕПА

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

ДЕВЕТ ВОЗАЧИ ЗАВРШИЈА ВО СТАНИЦА Малолетници и пијан возач меѓу

10/03/2026
Македонија

48 ЧАСОВЕН ПРИТВОР ЗА СОПРУГОТ ОД КАРПОШ Јовановски е осомничен

04/03/2026
Македонија

МЕТЕО ПРЕСВРТ ВО ТЕКОТ НА ДЕНОТ Магла наутро, повеќе облаци

03/03/2026
Македонија

Битиќи: Владата се движи кон автократски модел и не остава

03/03/2026
Македонија

Битиќи: Буџетот не е во добра кондиција, дел од расходите

03/03/2026
Македонија

РЕФОРМИТЕ ВО ФОКУС НА ВЛАДАТА Мицкоски најави конкретни мерки за

03/03/2026
Македонија

Битиќи предупредува: Цената на гасот веќе е двојно повисока, Македонија

03/03/2026
Македонија

Ангела Николовска од Доха: Денеска е мирно, македонската амбасада работи

03/03/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 42209
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

ДЕВЕТ ВОЗАЧИ ЗАВРШИЈА ВО СТАНИЦА Малолетници и пијан возач меѓу приведените

10/03/2026

Девет возачи вчера завршиле во полициска станица поради тешки прекршоци во сообраќајот, информираа од Министерство за внатрешни работи на Република

48 ЧАСОВЕН ПРИТВОР ЗА СОПРУГОТ ОД КАРПОШ Јовановски е осомничен за неколку кривични дела, ОЈО

04/03/2026

Судијата на претходна постапка од Основниот кривичен суд Скопје определи мерка краткотраен притвор од 48 часа против Стојанче Јовановски, сопругот

МЕТЕО ПРЕСВРТ ВО ТЕКОТ НА ДЕНОТ Магла наутро, повеќе облаци попладне

03/03/2026

Метеоролозите нѐ информираат дека утре претпладне ќе биде сончево со мала до умерена облачност и со услови за појава на

Novina.mkNovina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy