Skip to content
Novina.mk Novina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 СМАРТ Балкан проектот додели над 18 милиони норвешки круни за 11 регионални грантови
Македонија

СМАРТ Балкан проектот додели над 18 милиони норвешки круни за 11 регионални грантови

14/12/2023

AA

Со доделување на единаесет регионални грантови во вкупен износ од 18,542,365 норвешки круни и дополнителни 4,831,800 норвешки круни за оперативни грантови за граѓански организации од Македонија, Србија и Црна Гора, започна дводневната регионална конференција „СМАРТ Балкан – Граѓанско општество за поврзан Западен Балкан“ на тема „Мир и просперитет во Западен Балкан: Што му се заканува на регионот и како да се искористат можностите”. Во фокусот на СМАРТ Балкан е зајакнување на партиципативната демократија и евроатланската интеграција во Западен Балкан, преку зајакнување на граѓанските организации и мрежи во регионот и нивно поактивно учество при градењето на мирно и инклузивно општество, а со цел одржлив развој.

Конференцијата ја отвори амбасадорката на Кралството Норвешка за Србија, Црна Гора и Северна Македонија, Кристин Мелсом, која во своето поздравно обраќање даде осврт на важноста која ја има граѓанското општество во градењето регионална соработка помеѓу земјите од регионот, а со цел постигнување стабилност и просперитет во Западен Балкан.

„Темите што се дискутираат денес се клучни за Западен Балкан и ги поздравувам нашите партнери од СМАРТ Балкан за нивната посветена работа во зајакнувањето на граѓанското општество за трансформација и реформи во Северна Македонија. Владите и граѓанските општества се столбовите на демократијата. Отворениот дијалог придонесува за инклузивни и информирани јавни дебати, придвижувајќи го општеството напред. Регионалната соработка е камен-темелник за стабилност и просперитет. Добрососедските односи се од суштинско значење за стабилноста, мирот и економскиот развој. Нордиската соработка донесе економски придобивки, технолошки иновации и зголемена доверба кај граѓаните. Со нетрпение очекувам да видам како може да се развие модел за регионална интеграција меѓу земјите од Западен Балкан за да се решат прекуграничните предизвици и да се создаде доверба“, порача амбасадорката Мелсом.

Мирен и безбеден Балкан е можен само ако имаме интегриран Балкан. Многупати се покажало дека интегративните процеси за нас се и процеси на помирување внатре во секоја од нашите земји, но и помеѓу нас, порача министерката за одбрана Славјанка Петровска на денешната регионалната конференција „Мир и просперитет на Западниот Балкан“.

„Прашањето за просперитетот на Западен Балкан, неговиот развој, интеграциите на земјите од овој регион, е прашање што важи и за Северна Македонија, а и граѓаните на земјите од регионот го сметаат за приоритет. Велиме дека безбедноста нема цена, бидејќи само така можеме да изградиме демократско и просперитетно општество кое нуди иднина за нашите генерации. Кога зборуваме за европска интеграција на земјите од Западен Балкан, зборуваме за една Европа, обединета, не размислуваме за Европската Унија само како идеја, зборуваме за нешто што нѐ води во секојдневниот живот, зборуваме за можност за заедничка работа како рамноправни членки на Европската Унија”, посочи таа.

За Марија Ристеска, извршна директорка на Центарот за истражување и креирање политики, во време кога целокупната поларизација на глобалната сцена директно влијае на безбедносната динамика на Западен Балкан, граѓанскиот сектор игра клучна улога во градење отпорност и промовирање на мир во регионот.

„Нивната работа за промовирање на толеранција, разбирање и единство не станува само локален императив, туку и глобална неопходност за спречување на дестабилизирачките ефекти на екстремизмот. Со активно ангажирање со локалните заедници, застапување за иницијативи за градење мир и промовирање прекугранична соработка, граѓанските организации продолжуваат да создаваат отпорност против силите на поделба кои произлегуваат од геополитичката поларизација. Затоа, ние сме особено горди што денес СМАРТ Балкан ќе додели 11 регионални грантови во вредност од 18.542.365 норвешки круни”, изјави Ристеска.

Со две панел сесии и десетина говорници, првиот ден од СМАРТ Балкан регионалната конференција фокусот го стави на темите “Мирот, стабилноста и доброто владеење како предуслов за економски (и друг) просперитет” и “Политичкиот екстремизам, етнонационализмот и организираниот криминал како закани за мирот и просперитетот”.

Целта како што потенцираа и панелистите е истакнување на улогата на мирот и стабилноста како клучни фактори за економскиот и социјалниот просперитет на регионот на Западен Балкан, на начин што зборува за улогата на граѓанското општество во сите процеси и фази на дејствување. Вториот панел пак даде осврт на причините за демократскиот пад, порастот на партиската пропаганда, политичкиот екстремизам и национализмот како закани за мирот, просперитетот и демократијата, давајќи можни начини на дејствија како земјите од Балканот би се спротивставиле на нивното влијание.

СМАРТ Балкан регионалниот проект своите активности ги спроведува главно преку грант програмите за вклучување и вмрежување на граѓанските организации од Северна Македонија, Босна и Херцеговина, Албанија, Косово, Србија и Црна Гора за заедничко делување. За време на првиот ден од регионалната конференција беа доделени вкупно 11 регионални грантови за земјите од Западен Балкан и 10 оперативни грантови и тоа 4 за граѓански организации од Северна Македонија, 4 од Србија и уште 2 гранта за организации од Црна Гора.

Регионалната конференција е дел од проектот СМАРТ Балкан – Граѓанско општество за поврзан Западен Балкан, кој има за цел да придонесе кон зајакнување на партиципативните демократии и евроатлантските интеграции во Западен Балкан, а се спроведува во партнерство помеѓу Центарот за унапредување на граѓанското општество од Босна и Херцеговина, Центар за истражување и креирање политики од Северна Македонија и Институтот за демократија и медијација од Албанија. Проектот е финансиран од страна на Министерството за надворешни работи на Кралството Норвешка.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

Уапсен 72-годишник од Радовиш – признал дека со ловечка пушка

04/07/2026
Македонија

Активен пожар кај Македонски Брод

04/07/2026
Македонија

Вандализам во основно училиште во Скопје – оштетени врати и

04/07/2026
Македонија

Мицкоски најави разговори со трговците за ценовните движења

04/07/2026
Македонија

Потврдени два случаи на западнонилска треска на Клиниката за инфективни

04/07/2026
Македонија

Приведени четворица возачи за безобѕирно управување возило – двајца возеле

04/07/2026
Македонија

Ангелов со апел по пожарот во Штип: Не палете оган

04/07/2026
Македонија

Тепачка меѓу три скопјанки по расправија во сообраќај во Ѓорче

04/07/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 44166
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

Уапсен 72-годишник од Радовиш – признал дека со ловечка пушка усмртил куче

04/07/2026

Седумдесет и двегодишен жител на Радовиш е приведен под сомнение дека со ловечка пушка усмртил куче на градска улица, информира

Активен пожар кај Македонски Брод

04/07/2026

Во текот на денешниот ден продолжуваат интервенциите на противпожарните екипи на повеќе локации низ земјата, при што состојбата со пожарите

Вандализам во основно училиште во Скопје – оштетени врати и запалени учебници

04/07/2026

Непознат инцидент во основно училиште на подрачјето на скопската населба Ѓорче Петров завршил со оштетена спортска сала и запалени учебници

Novina.mk Novina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy