
Слупчане бара највисока сметка за струја да биде 3.000 денари, а за џамиите да биде бесплатно
Жителите на Слупчане не им дозволи ниту денеска на екипите на ЕВН да ја рекоснтруираат мрежата во селото, иако дојдоа со потребната механизација, а подоцна дојде и полицијата.
Во документ на жителите на Слупчане, испратен преку Општина Липково, до ЕВН има барања од 14 точки.
Од таму бараат бесплатни нови приклучоци, ограничени сметки до 3.000 денари за секое домаќинство, а електричната енергија за верските објекти да биде бесплатна.
– Имаат долг кон нас, може некој камен да легне, јас не сакам да се случи тоа. Бараме израмнување на нула и да не се бара враќање на долговите, рече Селајдин Шаини, претседателот на месната заедница.
Иако пред три недели ветија, не се испочитува дадениот збор на министерот за економија Крешник Бектеши и на градоначалникот на Општина Липково дека ЕВН ќе може слободно да работи на регулирањето на електродистрибутивната мрежа.
