Skip to content
Novina.mkNovina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 Случајот со фестивалот каде започнал теророт доби нови димензии: Организаторите во последен момент ја смениле локацијата, не се знае причината!
Македонија

Случајот со фестивалот каде започнал теророт доби нови димензии: Организаторите во последен момент ја смениле локацијата, не се знае причината!

11/10/2023

AA

Музичкиот фестивал „Супернова“, за време на кој во саботата на 7 октомври започна нападот на Хамас врз Израел, првично требаше да се одржи на друга локација.

Музичкиот фестивал „Супернова“, за време на кој во саботата на 7 октомври започна нападот на Хамас врз Израел, првично требаше да се одржи на друга локација, пишува „Јутарњи лист“. На фестивалот имаше околу 3.500 луѓе и тој се одржа во пустината Негег, во близина на Кибуц Реим, кој е на само пет километри од оградата во Појасот Газа.

Забавата за претежно млади започна во петокот околу 22 часот и траеше цела ноќ. Поточно, до 06:30 часот кога почна нападот на Хамас.

Според организаторите, локацијата на фестивалот била сменета два дена порано. Причината за промената во последен момент е одлуката на спонзорот да ја откаже оригиналната локација на југот на Израел.

Во масакрот на фестивалот, според досегашните информации, загинаа најмалку 260 луѓе. Оние кои преживеале биле киднапирани и однесени во Газа.

Но, има и такви кои го преживеале и пукањето и патувањето во Газа, а тврдат дека на фестивалот имало голем број безбедносни лица. Едно лице, кое сакаше да остане анонимно, рече дека музиката прво била прекината затоа што се прекинале каблите за струја, а набрзо имало и пукање.

Како што пишува рускиот портал „Медуза“, посетителите на фестивалот за точната локација биле известени само неколку часа порано во петокот. Локацијата требаше да биде тајна.

Организаторот „Племето Нова“, во пораката што ја објави „Вашингтон пост“ наведува дека фестивалот ќе се одржи на „моќна локација на отворено“ лоцирана на 75 минути јужно од Тел Авив, главниот град на Израел. Во пораката се вели дека посетителите не треба да имаат оружје и остри предмети со себе.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

ДЕВЕТ ВОЗАЧИ ЗАВРШИЈА ВО СТАНИЦА Малолетници и пијан возач меѓу

10/03/2026
Македонија

48 ЧАСОВЕН ПРИТВОР ЗА СОПРУГОТ ОД КАРПОШ Јовановски е осомничен

04/03/2026
Македонија

МЕТЕО ПРЕСВРТ ВО ТЕКОТ НА ДЕНОТ Магла наутро, повеќе облаци

03/03/2026
Македонија

Битиќи: Владата се движи кон автократски модел и не остава

03/03/2026
Македонија

Битиќи: Буџетот не е во добра кондиција, дел од расходите

03/03/2026
Македонија

РЕФОРМИТЕ ВО ФОКУС НА ВЛАДАТА Мицкоски најави конкретни мерки за

03/03/2026
Македонија

Битиќи предупредува: Цената на гасот веќе е двојно повисока, Македонија

03/03/2026
Македонија

Ангела Николовска од Доха: Денеска е мирно, македонската амбасада работи

03/03/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 42209
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

Трагедија во Истанбул: 19-годишник ја застрелал својата 18-годишна бремена свршеница

27/06/2025

Деветнаесетгодишник ја застрелал и убил својата 18-годишна вереница, која била бремена пет месеци, во истанбулскиот кварт Саријер, а потоа избегал

Путин: Замрзнувањето на руските златни и девизни резерви на Запад не е кражба, туку грабеж!

26/06/2025

Можната конфискација на руските златни и девизни резерви замрзнати во западните банки е грабеж, изјави денес рускиот претседател Владимир Путин.

ВИДЕО Силно невреме ја погоди Франција: Две лица загинаа, 17 повредени!

26/06/2025

Најмалку две лица загинаа, а 17 се повредени во силното невреме што ја погоди Франција, соопшти тамошниот Сектор за цивилна

Novina.mkNovina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy