Skip to content
Novina.mkNovina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 Случај Онкологија: Одбраната вели се постапувало правилно – „Ова што сега го слушаме е за научен конгрес, а не за судница“
Македонија

Случај Онкологија: Одбраната вели се постапувало правилно – „Ова што сега го слушаме е за научен конгрес, а не за судница“

13/02/2026

AA

Стручната дебата за начинот на лекување на онколошките пациенти во Македонија денеска продолжи во Основниот кривичен суд, каде одбраната на обвинетите лекари ги оспори наодите на словенечките вештаци и побара целосна дискредитација на обвинението.

Адвокатот Владимир Туфегчиќ, бранител на доктор Симонида Црвенкова, пред почетокот на денешното рочиште изјави дека неговата клиентка постапувала правилно и кај многу пациенти успеала да го продолжи животот над просекот утврден во научните студии.

„Ова што сега го слушаме во судница е тема за национален или светски конгрес на онколози, но не е тема за судска постапка,“ истакна Туфегчиќ.

Тој нагласи дека обвинението е изградено врз „селективна и нецелосна документација“, обвинувајќи дека вештачењето на словенечките лекари не ги зело предвид:

Клучен аргумент на одбраната денеска беше фармаколошкото вештачење од професор Лабачевски. Според Туфегчиќ, ова вештачење докажува дека лекот „ерлотиниб“ не е биолошки лек и дека неговата примена не може да предизвика фатални последици, како што тврди вештакот од Словенија. Нуспојавите од овој лек, според одбраната, се транзиторни (минливи) – како осип на кожа и пад на коса – но никако смрт.

Денешното рочиште е продолжение на маратонското сослушување на вештакот Маја Равник од Медицинскиот факултет во Марибор. Таа, по налог на Обвинителството, анализирала документација за дури 51 пациент од Клиниката за онкологија.

Вчерашното осумчасовно вкрстено испитување на Равник беше фокусирано на:

Поранешниот директор на Клиниката, Нино Васев, заедно со онколозите Симонида Црвенкова и Драган Јакимовски, се обвинети за несовесно лекување кај вкупно 29 пациенти. Обвинителството тврди дека била применувана неподобна терапија и погрешно дозирање без соодветна процена.

Досега во овој случај само второобвинетата Мери Пешевска призна вина, по што доби условна казна затвор од две години.

Процесот продолжува со сослушување на останатите вешти лица од Словенија, а кон крајот на март се очекува пред судот да се појават и вештаците од Србија. Паралелно со овој процес, против Васев се води и друга постапка за злоупотреба на службената положба поврзана со штета од над 2,2 милијарди денари на државниот буџет.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

ДЕВЕТ ВОЗАЧИ ЗАВРШИЈА ВО СТАНИЦА Малолетници и пијан возач меѓу

10/03/2026
Македонија

48 ЧАСОВЕН ПРИТВОР ЗА СОПРУГОТ ОД КАРПОШ Јовановски е осомничен

04/03/2026
Македонија

МЕТЕО ПРЕСВРТ ВО ТЕКОТ НА ДЕНОТ Магла наутро, повеќе облаци

03/03/2026
Македонија

Битиќи: Владата се движи кон автократски модел и не остава

03/03/2026
Македонија

Битиќи: Буџетот не е во добра кондиција, дел од расходите

03/03/2026
Македонија

РЕФОРМИТЕ ВО ФОКУС НА ВЛАДАТА Мицкоски најави конкретни мерки за

03/03/2026
Македонија

Битиќи предупредува: Цената на гасот веќе е двојно повисока, Македонија

03/03/2026
Македонија

Ангела Николовска од Доха: Денеска е мирно, македонската амбасада работи

03/03/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 42209
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

ДЕВЕТ ВОЗАЧИ ЗАВРШИЈА ВО СТАНИЦА Малолетници и пијан возач меѓу приведените

10/03/2026

Девет возачи вчера завршиле во полициска станица поради тешки прекршоци во сообраќајот, информираа од Министерство за внатрешни работи на Република

48 ЧАСОВЕН ПРИТВОР ЗА СОПРУГОТ ОД КАРПОШ Јовановски е осомничен за неколку кривични дела, ОЈО

04/03/2026

Судијата на претходна постапка од Основниот кривичен суд Скопје определи мерка краткотраен притвор од 48 часа против Стојанче Јовановски, сопругот

МЕТЕО ПРЕСВРТ ВО ТЕКОТ НА ДЕНОТ Магла наутро, повеќе облаци попладне

03/03/2026

Метеоролозите нѐ информираат дека утре претпладне ќе биде сончево со мала до умерена облачност и со услови за појава на

Novina.mkNovina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy