Skip to content
Novina.mkNovina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 Случај „Македонијатурист“: До кога ќе молчи најповиканата институција?
Економија

Случај „Македонијатурист“: До кога ќе молчи најповиканата институција?

10/02/2025

AA

Има ли основна правна сигурност ако има случај во кој најголем акционер, кој поседува 20% акции на компанија платени по пазарни цени во кои вложил 20 милиони евра, не може да учествува во управувањето со компанијата чии акции ги поседува? Оваа дилема може да ја разреши само регулаторот КХВ чиј став се чека подолго од два месеци, а постапува по пријави за можни злоупотреби со тргување акции во „Македонијатурист“. А време снемува и набојот неподносливо расте со оглед на тоа дека новото акционерско собрание во најголемата хотелиерска компанија треба да се одржи по една седмица

Македонскиот пазар на капитал, системот на корпоративно управување во Македонија, вредностите кои тој ги гарантира со империтивот – заштитата на правата на акционерите се исправени пред голем предизвик.

Случајот „Македонијатурист“ е на пат да биде преседан во македонската корпоративна историја. Односно за прв пат, во 30 години откако постои македонското акционерство, да се случи најголем поединечен акционер кој вложил над 20 милиони евра и купувал акции по пазарни цени да остане со прстот во уста. Односно да не може да оствари клучно акционерско право. Најпросто кажано: иако е најголем акционер кој вложил најмногу пари сепак да не може да учествува во управувањето со најголемата хотелиерска компанија. 

А тоа ќе се случи доколку државното надлежно регулаторно тело односно Комисијата за хартии од вредност (КХВ) продолжи да молчи.  А за случајот „Македонијатурист“ молкот на КХВ трае три месец. Уште малку па ќе одбележиме  100 дена молк на КХВ. Во средината на ноември лани  КХВ потврди дека имаат отворено случај за „Македонијатурист“ и ги утврдуваат сите факти и околности. Нагласија дека се опфатени сите заинтересирани страни кои активно учествувале во купувањето и продажбата на акции. Значи сеопфатно и оспежно анализирање. Но до денеска епилог нема. Случај „Македонијатурист“ по својата специфична тежина всушност е едно од најголемите искушенија за КХВ во последните дваесетина години.

Молкот на КХВ, во очи на претстојното акционерско собрание во „Македонијатурист“ создава правна несигурност кај најголемиот поединечен акционер. Но истото тоа се однесува и на повеќе од стотина мали акционери домашни физички лица во таа компанија. 

За што се работи ?

Постојат три клучни прашања кои се поврзани меѓусебно, поточно произлегуваат едно од друго. Првото прашање на кое КХВ е должна да одговори на македонската јавност е дали Доне Таневски, како најголем акционер и член на раководството на „Македонијатурист“ и неговите две ќерки, а една од нив е претседателка на раководството на компанијата, имале ценовно – чувствителни информации за продажба на акции и тие информации не ги споделиле со сите акционери иако морале да го направат тоа?

„Македонијатурист“ официјално кажа дека нема ценовно – чувствителни информации, но група мали акционери тврдат дека Доне Таневски во нивно присуство преговарал за продажба на акции со претставници на двајца од четворицата сега најголеми акционери. И тоа било неколку дена пред „Македонијатурист“ да објави дека не поседува ценовно-чувствителна информација. А факт е дека токму Доне Таневски потоа во неколку наврати продаде акции и тоа по највисока цена за која други акционери може да сонуваат.

А Таневски, а пред него и Соња Бибановска, продаваа акции на оние со кои преговарал, според тврдењето на малите акционери. А тоа е доставено и до КХВ. И при тоа акциите ги купија три од најголемите четири акционери и со тоа се отвара дилемата односно второто клучно прашање: дали умислено настапиле како група купувачи?

А тоа пак го отвара третото прашање: дали тие требало да декларираат заеднички интерес и да дадат јавна понуда за превземање на „Македонијатурист“?

Ако дале јавна понуда,што е задолжително со закон, секој акционер ќе можел да продаде акции по цена што ќе биде идентична за секој заинтересиран продавач. Тоа е социјална правда односно еднаквост дефинирана во Законот за превземање компании. Дали е тоа случај со „Македонијатурист“?

Следува акционерското собрание, за една седмица од сега. Точка е нов состав на Надзорен одбор. А составот на новиот надзорен одбор ќе покаже “ко се коме допада“. Односно дали четирите големи акционери рамномерно ќе учествуваат во надзорниот орган. Оти има шпекулации дека помалите три акционери не го сакаат најголемиот акционер. Тука и не би имало ништо спорно но само доколку дале  јавна понуда за откуп на акции.

Но додека лебди дилемата дека се договарала купопродажба на акции по различни цени, имало лобирања, убедувања и закани (како што наведуваат малите акционери за што веќе пишувавме), а при тоа некој добил повеќе и друг помалку, постои ли правна сигурност? 

На потег е КХВ. Веќе трет месец се чека разрешување на сите натрупани дилеми.  А оваа институција досега во многу наврати покажала дека има силен институционален и кадровски капацитет во спроведување на законите за кои има надлежности и овласувања.

Н.С.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

ДЕВЕТ ВОЗАЧИ ЗАВРШИЈА ВО СТАНИЦА Малолетници и пијан возач меѓу

04/03/2026
Македонија

48 ЧАСОВЕН ПРИТВОР ЗА СОПРУГОТ ОД КАРПОШ Јовановски е осомничен

04/03/2026
Македонија

МЕТЕО ПРЕСВРТ ВО ТЕКОТ НА ДЕНОТ Магла наутро, повеќе облаци

03/03/2026
Македонија

Битиќи: Владата се движи кон автократски модел и не остава

03/03/2026
Македонија

Битиќи: Буџетот не е во добра кондиција, дел од расходите

03/03/2026
Македонија

РЕФОРМИТЕ ВО ФОКУС НА ВЛАДАТА Мицкоски најави конкретни мерки за

03/03/2026
Македонија

Битиќи предупредува: Цената на гасот веќе е двојно повисока, Македонија

03/03/2026
Македонија

Ангела Николовска од Доха: Денеска е мирно, македонската амбасада работи

03/03/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 42209
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

ДЕВЕТ ВОЗАЧИ ЗАВРШИЈА ВО СТАНИЦА Малолетници и пијан возач меѓу приведените

04/03/2026

Девет возачи вчера завршиле во полициска станица поради тешки прекршоци во сообраќајот, информираа од Министерство за внатрешни работи на Република

48 ЧАСОВЕН ПРИТВОР ЗА СОПРУГОТ ОД КАРПОШ Јовановски е осомничен за неколку кривични дела, ОЈО

04/03/2026

Судијата на претходна постапка од Основниот кривичен суд Скопје определи мерка краткотраен притвор од 48 часа против Стојанче Јовановски, сопругот

МЕТЕО ПРЕСВРТ ВО ТЕКОТ НА ДЕНОТ Магла наутро, повеќе облаци попладне

03/03/2026

Метеоролозите нѐ информираат дека утре претпладне ќе биде сончево со мала до умерена облачност и со услови за појава на

Novina.mkNovina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy