
Словенија ја победи Данска и ќе игра за петто место на ЕП
Словенија во поголемиот дел од првото полувреме водеше со два-три гола разлика, а на паузата замина со предност од 17-14.
Данска во второто полувреме влезе во ритам и поведе со 21-19, но потоа се опушти, а тоа знаеше да го искористи Словенија кој триумфира со 28-25.
Најдобар во победничкиот состав беше Хорзен со шест голови, додека Киркелоке и Јоргенсен постигнаа по шест погодоци за Данска.