Skip to content
Novina.mkNovina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 „СЛОБОДНА БОСНА“ ОБЈАВИ НАВОДЕН НОН-ПЕЈПЕР: Србија, Црна Гора, Косово и БиХ на конференција за мир да ги решат несогласувањата, инаку нема влез во ЕУ
Регион

„СЛОБОДНА БОСНА“ ОБЈАВИ НАВОДЕН НОН-ПЕЈПЕР: Србија, Црна Гора, Косово и БиХ на конференција за мир да ги решат несогласувањата, инаку нема влез во ЕУ

05/12/2024

AA

Крај на територијалните претензии и конфликти на Западен Балкан, побрз влез во НАТО и ЕУ на Босна и Херцеговина, Србија, Црна Гора и Косово, како и оддалечување од руското влијание е целата на наводен нон-пејпер што ексклузивно го објави порталот „Слободна Босна“.

Редакцијата не ги објавува имињата на  потписниците на документот, но наведува дека се претставници на евроатлантската и вонпарламентарната опозиција, академските заедници, групи граѓани и угледни поединци. Тие поднесуваат заедничка иницијатива до Европската Унија, нејзините тела и функционери, до  претседателите, премиерите и парламентите на Србија, Црна Гора, Косово и БиХ, до претставниците на НАТО, до Доналд Трамп и новиот американски државен секретар Марко Рубио, до британскиот премиер Кир Стармер… Иницијативата се однесува на тоа во периодот меѓу април и октомври наредната година да се одржи  конференција за мир и соработка на Западен Балкан во организација на ЕУ, Велика Британија, САД и НАТО, во Брисел/Женева/Лондон/Вашингтон, на која Србија, Косово, Црна Гора и БиХ би потпишале низа договори и меморандуми во кои ќе преземат меѓусебни обврски. Србија и Косово би требале да потпишат договор за целосна нормализација на односите според француско-германско-ЕУ планот, кој вклучува де факто признавање на Република Косово од страна на Република Србија и формирање на Заедницата на општини со мнозинско српско население на северот на Косово од косовска страна. Договорот  меѓу Србија и Босна и Херцеговина би бил за укинување на „Декларацијата за заштита на националните и политичките права и заедничката иднина на српскиот народ“ со целосно почитување на Дејтонскиот договор и политичкиот суверенитет на Босна и Херцеговина. Србија и Црна Гора, пак, би требале да потпишат договор за трајно суспендирање на Законот за двојно државјанство на Република Црна Гора, со оглед на тоа што, „во Црна Гора има повеќедецениски процес на негација на државноста преку концептот на национална припадност и национална определба, при што идеолозите на српскиот свет вршат притисок преку неколку канали, но највлијателниот и најефикасен е Српската православна црква“.

Наводниот нон-пејпер содржи и предлог за заеднички договор за поднесување заедничка кандидатура за членство во НАТО (Србија, БиХ и Косово) со преземање на сите неопходни чекори и мерки за забрзан процес на прием во ЕУ. Во документот што би се формулирал на конференцијата, меѓу другото земјите потписнички треба да се обврзат да направат сè што е потребно за да овозможат пристап кон Шенгенскиот договор, што потоа треба да биде политичка одлука на ЕУ да им дозволи на земјите од Западен Балкан „Шенген статус“, како што го уживаат Швајцарија, Норвешка и Исланд.

Одбивањето на земјите од Западен Балкан да учествуваат на Конференцијата и да ги донесат сите предвидени документи, како што се наведува во нон-пејперот ќе доведе до прекин на преговорите за членство во ЕУ, непристапување кон Шенгенскиот договор, повлекување на странски инвестиции, економски санкции и политичка и економска изолација.

„Слободна Босна“ исто така дознава дека документот бил подготвен и усогласен по претседателските избори во САД, па веќе добил зелено светло од Вашингтон и од Лондон.

ilustracija SB

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

ДЕВЕТ ВОЗАЧИ ЗАВРШИЈА ВО СТАНИЦА Малолетници и пијан возач меѓу

10/03/2026
Македонија

48 ЧАСОВЕН ПРИТВОР ЗА СОПРУГОТ ОД КАРПОШ Јовановски е осомничен

04/03/2026
Македонија

МЕТЕО ПРЕСВРТ ВО ТЕКОТ НА ДЕНОТ Магла наутро, повеќе облаци

03/03/2026
Македонија

Битиќи: Владата се движи кон автократски модел и не остава

03/03/2026
Македонија

Битиќи: Буџетот не е во добра кондиција, дел од расходите

03/03/2026
Македонија

РЕФОРМИТЕ ВО ФОКУС НА ВЛАДАТА Мицкоски најави конкретни мерки за

03/03/2026
Македонија

Битиќи предупредува: Цената на гасот веќе е двојно повисока, Македонија

03/03/2026
Македонија

Ангела Николовска од Доха: Денеска е мирно, македонската амбасада работи

03/03/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 42209
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

ДЕВЕТ ВОЗАЧИ ЗАВРШИЈА ВО СТАНИЦА Малолетници и пијан возач меѓу приведените

10/03/2026

Девет возачи вчера завршиле во полициска станица поради тешки прекршоци во сообраќајот, информираа од Министерство за внатрешни работи на Република

48 ЧАСОВЕН ПРИТВОР ЗА СОПРУГОТ ОД КАРПОШ Јовановски е осомничен за неколку кривични дела, ОЈО

04/03/2026

Судијата на претходна постапка од Основниот кривичен суд Скопје определи мерка краткотраен притвор од 48 часа против Стојанче Јовановски, сопругот

МЕТЕО ПРЕСВРТ ВО ТЕКОТ НА ДЕНОТ Магла наутро, повеќе облаци попладне

03/03/2026

Метеоролозите нѐ информираат дека утре претпладне ќе биде сончево со мала до умерена облачност и со услови за појава на

Novina.mkNovina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy