Skip to content
Novina.mkNovina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 СЛЕДУВА ЛИ КРИЗА ЗА ГАС? ЕСМ купува 11 илјади тони мазут за топланите
Економија

СЛЕДУВА ЛИ КРИЗА ЗА ГАС? ЕСМ купува 11 илјади тони мазут за топланите

10/01/2025

AA

Иако одамна беше кажано дека мазут нема да се користи за грејната сезона во Скопје и беше забранет од претходната власт, ЕСМ сега купува 11 илјади тони од овој високозагадувачки енергенс за двете топлани што треба да трае и до 15 дена. 

Дали геополитиката си го прави своето, па сега државните електрани објавиле повик за рамковна спогодба чиј рок истече вчера, а се однесува за набавка на големо количество на гориво кое треба да биде алтернативно за природниот гас што сега се користи за топланите Исток и Запад. Инаку овие објекти, иако се во приватна сопственост, се менаџираат од ЕСМ откако беше преземено загревањето од Балкан Енерџи Груп.

„Резерви за алтернативно гориво-мазут за 15 дена работење на
топланите, тип М-1 НС, во количини од 0 до 11.000.000 кгр, за период до 30.04.2025 год. Потребно е да се понуди тип на мазут согласно Македонскиот стандард за течни горива
МКС.Б.Х2.430 (МКС.Б.Х2.430)-или стандард кој е еквивалентен, и е во државата моментално
одобрен за продажба и користење. Купувачот ќе бара испорака на мазут кој во моментот е
одобрен со регулатива во државата“, пишува во повикот.

Јавното отворање на понудите требаше да се изврши вчера. Рокот на важност на понудата треба да трае најмалку 30 дена, а ќе се избере онаа со најниска цена. Трошокот за превоз ќе биде фиксен.

Во 2022 кога цената на природниот гас го достигна пикот, постоеше обид да се приспособат двете топлани на работен режим на дизел, како подобро алтернативно гориво од мазутот, но идејата не заживеа. Меѓутоа, не се користеше ниту мазут бидејќи скопјани стравуваа од висока концентрација на загадување. Надлежните органи тогаш самите рекоа дека нема соодветни филтри за овој енергенс и дека мазут може да се користи само ако воопшто го нема основното гориво.

Топланите „Запад“ и „Исток“ во Скопје во случај на недостиг на главниот енергенс – гасот, може да користат мазут како резервен енергенс во период од само 10 дена, а за негова понатамошна употреба потребна е согласност од Министерството за животна средина, порача тогаш Државниот инспекторат за животна средина.

– Ставот на Министерството за животна средина и просторно планирање е дека на пазарот има гас и нема да се дозволи овие постројки да работат на друг енергенс освен на гас. И во нивните дозволи е наведено дека во случај да нема гас на пазарот, тие може да работат 10 дена на мазут. Државниот инспекторат ќе ја следи исклучиво дозволата што им е издадена – изјави тогашниот директор на инспекторатот Сретен Стојковски.

ЕСМ Продажба го промени и начинот на купување на природен гас за топланите. Минатата година купи природен гас од Sustainable Energy Supply со однапред договорена маржа за целиот период (октомври, ноември, декември) до крајот на 2024. Оваа година е направен договор со бугарскиот снабдувач само за еден месец, за јануари, по фиксна цена.

А.К.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

ДЕВЕТ ВОЗАЧИ ЗАВРШИЈА ВО СТАНИЦА Малолетници и пијан возач меѓу

10/03/2026
Македонија

48 ЧАСОВЕН ПРИТВОР ЗА СОПРУГОТ ОД КАРПОШ Јовановски е осомничен

04/03/2026
Македонија

МЕТЕО ПРЕСВРТ ВО ТЕКОТ НА ДЕНОТ Магла наутро, повеќе облаци

03/03/2026
Македонија

Битиќи: Владата се движи кон автократски модел и не остава

03/03/2026
Македонија

Битиќи: Буџетот не е во добра кондиција, дел од расходите

03/03/2026
Македонија

РЕФОРМИТЕ ВО ФОКУС НА ВЛАДАТА Мицкоски најави конкретни мерки за

03/03/2026
Македонија

Битиќи предупредува: Цената на гасот веќе е двојно повисока, Македонија

03/03/2026
Македонија

Ангела Николовска од Доха: Денеска е мирно, македонската амбасада работи

03/03/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 42209
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

ДЕВЕТ ВОЗАЧИ ЗАВРШИЈА ВО СТАНИЦА Малолетници и пијан возач меѓу приведените

10/03/2026

Девет возачи вчера завршиле во полициска станица поради тешки прекршоци во сообраќајот, информираа од Министерство за внатрешни работи на Република

48 ЧАСОВЕН ПРИТВОР ЗА СОПРУГОТ ОД КАРПОШ Јовановски е осомничен за неколку кривични дела, ОЈО

04/03/2026

Судијата на претходна постапка од Основниот кривичен суд Скопје определи мерка краткотраен притвор од 48 часа против Стојанче Јовановски, сопругот

МЕТЕО ПРЕСВРТ ВО ТЕКОТ НА ДЕНОТ Магла наутро, повеќе облаци попладне

03/03/2026

Метеоролозите нѐ информираат дека утре претпладне ќе биде сончево со мала до умерена облачност и со услови за појава на

Novina.mkNovina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy