
Следната недела заладување со повремени врнежи од дожд и снег на планините
Променливо облачно, претпладне ќе има повремени локални врнежи од дожд, а на планините на северозапад врнежи од снег. Ќе дува слаб до умерен ветер од северозападен правец, поизразен долж Повардарието. Максималната температура ќе биде во интервал од 8 до 17 степени.
Времето и метеоролошките параметри за Скопје: Променливо облачно, претпладне ќе има повремени врнежи од дожд. Ќе дува слаб до умерен ветер од северозападен правец. T=10°C. P=970hPa. U=80%. V=1m/s.
Утре ќе се задржи променливо облачно време наместа со повремен дожд, во југозападните делови над 15 l/m², а на повисоките места врнежите од дожд ќе преминуваат во врнежи од снег. Нови врнежи ќе има и во следната седмица кога ќе настапи заладување со повремени врнежи од дожд, а на планините и во некои од повисоките места од снег. Од утре ќе има појава на магла по одредени котлини. Ќе дува умерен, повремено засилен ветер.

