
Следната недела пораст на дневните температури и повеќе сонце
Сончево со мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб до умерен, а вдолж Повардарието повремено засилен северен ветер. Максималната температура ќе биде во интервал од 25 до 33 степени.
Времето и метеоролошките параметри за Скопје: Сончево со мала облачност. Ќе дува слаб до умерен северен ветер. T=30°C. P=981hPa. U=30%. V=3m/s.
Утре и во вторник претежно во планинските региони ќе има услови за локален слаб
дожд. Дневните температури ќе бидат малку под просекот за овој период од годината. Од средината на следната седмица времето ќе биде сончево и потопло со пораст на дневната температура.