
„Следната фаза се лежалки на спрат“: Фотографија од црногорска плажа ги запали социјалните мрежи
На Твитер беше споделена фотографија од плажата во Петровац во Црна Гора, која предизвика лавина коментари.
„Извештај од терен: Лежалки 20 и 30 евра. Непријатно затегнато и затнато. Се очекува следната фаза на црногорскиот туризам – лежалки на спрат“, наведува авторот во описот на фотографијата.
Пет реда лежалки навистина изгледаат амбициозни за оваа плажа, а многумина ја поздравија идејата за „лежалки“ со други „креативни решенија“ за црногорските плажи и прескапи лежалки.
Izveštaj sa terena:
Ležaljke 20 i 30 evrića. Neprijatno tesno i nabijeno. Očekuje se sledeća faza crnogorskog turizma- ležaljke na sprat. pic.twitter.com/EzAfHxbIS9— Dragan Dragan (@mojejemoremojje) August 15, 2023
„Лежење во смени, додека едниот лежи другиот е во вода, па се менуваат 30 минути“.
„Луксузни лежалки – поткровје со поглед на морето“.
„Лежалки со поглед на плажа. 1 класа – можете да ги видите и плажата и морето. 2 класа – гледате плажа, малку море. 3-та класа – ја гледате само плажата, и тоа ‘како што е’.
„Има место за уште еден ред, одлично е што толку празен простор седи неискористен“.
„Исправените лежалки се хит“.
“Што? Некој може да ви ја чеша главата со ногата“.
„Време е да се наплаќа влез во вода… Барем за оние што не земаат лежалки“, се дел од наведени „предлозите“, а се огласија и оние кои не изнајмуваат лежалки.
„Петровац е убав, но лежалките се прескапи, а има место и за пешкир ако секој легне на своја страна (мислам на градската плажа). Останува многу малку простор без лежалки“.
Фото: Принтскрин/Твитер