
СЛЕДИ НАЈГОЛЕМО ПОКАЧУВАЊЕ НА ПЕНЗИИТЕ ВО ИСТОРИЈАТА: Српските пензионери тријат раце, ќе добијат многу поволности, а ќе полнат џебови и работниците!
Претседателот на Србија, Александар Вучиќ во своето обраќање до јавноста најави зголемување на пензиите и многу поволности од пензионерските картички.
Тој рече дека пензионерите наскоро ќе можат да добијат пензионерски картички кои ќе им овозможат различни поволности.
Тој во оваа прилика рече дека веројатно ќе има „најголемото зголемување на пензиите во историјата на Србија, над 55 отсто“ во октомври и јануари, со вклучување на претходните зголемувања.
„Јас само би ги замолил пензионерите да земат пензионерски картички, има многу попусти, многу ќе им значи. Со сите зголемувања. Правиме многу за да им обезбедиме попусти ва различни маркети“, рече Вучиќ.
Претседателот потсети и дека наскоро ќе започне и аплицирањето за помош на мајките во износ од 10.000 динари, кое ќе трае до 20 септември.
Тој изрази и очекување дека во 2023 година просечната плата во Србија ќе биде повисока од 820 евра.
„На Србија ќе и биде доста од се – струја, гас и храна. Ќе имаме и струја и гас, а веќе имаме 620 милиони кубни метри гас“, рече Вучиќ.
Дополнително, според неговите зборови, Србија има 10 отсто повеќе пченица од лани. „И има многу повеќе пченка. „Ако невремето не го опустошеше сончогледот, ќе имаше многу повеќе“, заклучи претседателот.

