Skip to content
Novina.mkNovina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 СКСМ СО ПРЕДЛОГ ЗА ЕНЕРГЕТСКИ МЕРКИ ДО СИТЕ ДРЖАВНИ ИНСТИТУЦИИ НАДЛЕЖНИ ВО ЕНЕРГЕТИКАТА
Економија

СКСМ СО ПРЕДЛОГ ЗА ЕНЕРГЕТСКИ МЕРКИ ДО СИТЕ ДРЖАВНИ ИНСТИТУЦИИ НАДЛЕЖНИ ВО ЕНЕРГЕТИКАТА

19/05/2023

AA

Девет предлог мерки кои државата треба да ги преземе за да се поддржи економијата во енергетска криза се испратени од Стопанската комора до сите државни и јавни институции кои имаат надлежност во енергетиката. 

Дописот со мерките кои ги предлага бизнис заедницата се адресирани до Владата, Министерството за економија, АД ЕСМ, АД МЕПСО, НЕР, Регулаторната комисија за енергетика, Министерството за животна средина, МАНУ, МЕМО и други државни субјекти.

   

Мерките произлегоа од јавната седница на УО на Стопанската комора на Северна Македонија и на Македонската енергетска асоцијација во рамките на Комората, а меѓу другото содржат и препораки до самите стопански субјекти.

                                                         Предлог-мерки

⦁АД ЕСМ, со поддршка на Владата како негов единствен и целосен сопственик, да го конципира производството од термоелектраните според цената на мазутот и јагленот, односно доколку во следниот период кога ќе порасне производството на евтина електрична енергија од фотоволтаици, АД ЕСМ да се насочи кон откуп на таква енергија, наместо производство на поскапа електрична енергија од термоелектраните.

Претходната мерка за вклучување во работа на сите електрани веќе нема ефект во услови на зголемено производство од обновливи извори (фотоволтаични централи) и затоа треба да се следи состојбата со цените на електричната енергија и енергенсите да одлучува дали и кога е исплатливо да се вклучат одредени домашни енергетски капацитети, а кога да се увезе евтина енергија.

⦁Државата, преку Министерството за економија и други органи, да стимулира изградба на различни видови електрани од обновливи извори, односно да обезбеди  дисперзија во инвестирањето на обновливи извори на енергија и планска изградба на дистрибутивната мрежа, согласно Стратегијата за развој на енергетиката до 2030. Засиленото градење само на фотоволтаични електрани ќе  доведе до енергетски дисбаланс. Потребно е да се стимулира изградба на биогасни и ветерни електрани, и да се доизградат малите хидро електрани кои државата ги планирала.

⦁Складирањето на електричната енергија од обновливи извори веќе се појавува како потреба и решение, и државата е потребно да ги поддржи инвеститорите и индустриските капацитети да инсталираат батериски системи. Мерките се однесуваат на олеснување и намалување на постапки и давачките, како и намалување на царинските стапки до нивно елиминирање, следејќи го примерот на ЕУ, заради поттикнување на поголемо инвестирање. 

⦁Значаен систем за складирање на вишокот електрична енергија од фотоволтаици во иднина ќе биде хидроелектраната Чебрен, која како реверзибилна хидроелектрана ќе ја користи електричната енергија од евтините часови за пумпање вода во горниот басен, од кој потоа би се произведувала енергија во часовите на повисока побарувачка. Од тие причини потребно е да се дореализира постапката за капиталниот проект Чебрен, кој во секој случај ќе биде решение по подолг рок, односно по неговата изградба.

⦁Компаниите треба да ја прифатат новата состојба со варијациите на цените во текот на денот и да пристапат кон набавката на електрична енергија согласно нивниот технолошки процес, односно доколку можат потребно е да ги менаџираат потрошувачката и производниот процес согласно берзанските цени во текот на денот, со цел да остварат енергетски заштеди. 

⦁ Хидрогенот, како гориво на иднината и начин на конвертирање и складирање на вишокот електрична енергија, да биде имплементиран во Стратегијата за развој на енергетиката до 2030 година, при нејзиното следно обновување, кое се врши на секои 5 години и во кое се вклучени владините институции и МАНУ.

⦁Државата интернационално да се сертифицира за да може производителите на енергија од обновливи извори да издаваат зелени сертификати. Зелените сертификати се побарувани од стопанските субјекти кои користат значајна количина електрична енергија и на кои зелените сертификати им се значајна алатка пред странските пазари. Издавањето на сертификатите ќе обезбеди и постојан девизен прилив за државата.

⦁Стопанската комора го поздравува отворањето на домашна берза на електрична енергија од страна на МЕМО. Со цел македонска берза на електрична енергија да биде ликвидна, потребно е да се донесе одлука сите државни купувачи да бидат на „wholesalе“ пазар, односно да не се набавува електрична енергија на тендери и преку билатерални договори, туку истото да се врши на македонската берза.

⦁Магистралните гасоводи за кои е одговорен НЕР да се стават во функција, но притоа да се градат и дистрибутивни мрежи низ градовите.

Служба за информирање

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

ДЕВЕТ ВОЗАЧИ ЗАВРШИЈА ВО СТАНИЦА Малолетници и пијан возач меѓу

10/03/2026
Македонија

48 ЧАСОВЕН ПРИТВОР ЗА СОПРУГОТ ОД КАРПОШ Јовановски е осомничен

04/03/2026
Македонија

МЕТЕО ПРЕСВРТ ВО ТЕКОТ НА ДЕНОТ Магла наутро, повеќе облаци

03/03/2026
Македонија

Битиќи: Владата се движи кон автократски модел и не остава

03/03/2026
Македонија

Битиќи: Буџетот не е во добра кондиција, дел од расходите

03/03/2026
Македонија

РЕФОРМИТЕ ВО ФОКУС НА ВЛАДАТА Мицкоски најави конкретни мерки за

03/03/2026
Македонија

Битиќи предупредува: Цената на гасот веќе е двојно повисока, Македонија

03/03/2026
Македонија

Ангела Николовска од Доха: Денеска е мирно, македонската амбасада работи

03/03/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 42209
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

ДЕВЕТ ВОЗАЧИ ЗАВРШИЈА ВО СТАНИЦА Малолетници и пијан возач меѓу приведените

10/03/2026

Девет возачи вчера завршиле во полициска станица поради тешки прекршоци во сообраќајот, информираа од Министерство за внатрешни работи на Република

48 ЧАСОВЕН ПРИТВОР ЗА СОПРУГОТ ОД КАРПОШ Јовановски е осомничен за неколку кривични дела, ОЈО

04/03/2026

Судијата на претходна постапка од Основниот кривичен суд Скопје определи мерка краткотраен притвор од 48 часа против Стојанче Јовановски, сопругот

МЕТЕО ПРЕСВРТ ВО ТЕКОТ НА ДЕНОТ Магла наутро, повеќе облаци попладне

03/03/2026

Метеоролозите нѐ информираат дека утре претпладне ќе биде сончево со мала до умерена облачност и со услови за појава на

Novina.mkNovina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy