
Скршил стакло на угостителски објект, а откако дошла полицијата, се однесувал агресивно кон нив!
На 16.04.2023 во 07.00 часот во Тетово, полициски службеници од СВР Тетово го лишиле од слобода И.Ч.(27) од Тетово затоа што претходно го нарушил јавниот ред и мир, оштетил стакло на угостителски објект и се однесувал агресивно кон полициски службеници кои извршувале службени дејствија.
По целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесен соодветен поднесок.

