Skip to content
Novina.mk Novina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 СКРМ: Суспензијата на Петрушевска е правен апсурд и директен удар врз синдикалната автономија
Македонија

СКРМ: Суспензијата на Петрушевска е правен апсурд и директен удар врз синдикалната автономија

24/01/2026

AA

Синдикатот на културата на Република Македонија внимателно и одговорно ги следеше сите случувања во текот на вчерашниот ден, вклучително и прес-конференциите на колешката Татијана Петрушевска и директорот на Националната опера и балет, г. Оливер Арсовски, како и јавните реакции на уметниците од оркестарот на Операта.

Со оглед дека СКРМ беше директно споменат во сите овие јавни настапи, чувствуваме институционална и морална обврска пред нашето членство и пред јавноста, јасно и недвосмислено да ја појасниме улогата и постапувањето на СКРМ во овој случај.

На прес-конференцијата, колешката Татијана Петрушевска изјави дека е благодарна за понудената помош од СКРМ. Веруваме дека оваа изјава е дадена ненамерно, бидејќи создава впечаток дека СКРМ самостојно и без повод се вмешал во работата на синдикалната организација при Оркестарот на МОБ.

Заради коректно информирање на јавноста, укажуваме дека фактите се следни: помошта од СКРМ беше побарана директно од колешката Петрушевска и беше обезбедена откако правниот тим на СКРМ утврди сериозни и груби прекршувања на постапката, со елементи на директно непочитување на Законот за работни односи, Законот за култура и релевантните колективни договори.

Во таа насока, документите кои СКРМ ги објави не се произволни, ниту извадени од контекст, туку се составен дел од постапка што е активна од моментот на суспендирањето на колешката Петрушевска и изрекувањето мерки со кои ѝ се забранува пристап до институцијата.

Дополнително, укажуваме дека реакцијата на синдикалната организација на Оркестарот при МОБ, согласно основните синдикални принципи и воспоставената практика, требаше најпрво да биде доставена до СКРМ, а потоа јавно објавена преку официјалните синдикални канали. Наместо тоа, беше пласирана како јавна објава на официјалната страница на Националната опера и балет, со содржина која манипулативно алудира дека ставот на СКРМ бил избрзан и донесен без консултација со членството.

Потсетуваме дека ниту една јавна позиција на СКРМ не претставува личен или индивидуален став. Сите ставови се донесуваат со согласност на највисокото одлучувачко тело – Советот на СКРМ, во кој членуваат претседателите на сите синдикални организации, ВКЛУЧИТЕЛНО и претставници на Оркестарот при МОБ.

Очекувањето дека СКРМ пред секоја јавна објава треба да спроведува поединечни консултации со секој член што има претставник во највисокиот орган на синдикатот е неосновано и не постои како пракса во ниту еден функционален синдикален систем.

СКРМ не навлегува во причините или оправданоста за покренување постапка против колешката Петрушевска, ниту расправа дали постапката требало или не да биде иницирана. Единствената и доследна позиција на СКРМ е дека секоја постапка мора да се води строго во согласност со законите, колективните договори и начелата на правна сигурност. 

Постапка спроведена спротивно на законските прописи е незаконска, независно од функцијата или позицијата на инволвираните страни.

Во таа смисла, јавните изјави на директорот на институцијата се суштински контрадикторни. Нејасно е како едно лице може „да не биде казнето“, а истовремено да биде суспендирано, со забрана за влез во институцијата и со намалување на платата за 50 проценти. Доколку ова не претставува казна, тогаш станува збор за правен апсурд.

Суспензијата од работа, според добрите практики во трудовото право, претставува исклучителна и привремена мерка, чија примена мора да биде строго оправдана, фактички и правно прецизно образложена, и пропорционална на наводното дејствие.

Секое отстапување од овие принципи создава впечаток на несразмерност и го доведува во прашање легитимитетот на мерката.

Дополнително загрижува фактот што директор на јавна установа јавно коментира и навестува оставка на претседател на синдикална организација во сопствената институција, што претставува директно мешање во синдикалната автономија и сериозно нарушување на синдикалните права, што е спротивно и на домашното законодавство и на меѓународните трудови стандарди.

Имајќи ја предвид надлежноста на Министерството за култура како орган што врши основачки и управен надзор над националните културни институции, СКРМ очекува Министерството внимателно да ги согледа сите аспекти на случајот и во рамки на своите законски овластувања, да обезбеди почитување на законите, колективните договори и уставно загарантираните синдикални права, а не со својата веќе утврдена формална ноншалантност и оддалеченост од суштината на проблемот да остава впечаток дека повредите на законите се третираат како административен детал, а не како прашање на принципи.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

НА УЧИЛИШТЕ ОД 8 ДО 16:30 ЧАСОТ!? Едносменска настава и

22/09/2026
Македонија

ПОТВРДА ЗА ЗАЦВРСТУВАЊЕ НА ПАРТНЕРСТВОТО СО САД Петрушевски за средбите

22/09/2026
Македонија

ВО ЊУЈОРК СРЕДБА МИЦКОСКИ-ЈАНША Градиме пријателства, создаваме можности и работиме

22/09/2026
Македонија

ЛЕТОТО СЕ ВРАЌА НА КРАЈОТ НА СЕПТЕМВРИ Македонија може повторно

22/09/2026
Македонија

БУНТ ПРОТИВ ПРЕТСЕДАТЕЛКАТА НА КУМАНОВСКИОТ СУД Вработените се жалат на

22/09/2026
Македонија

УНГАРЕЦ СЕ ОБИДЕЛ НЕЛЕГАЛНО ДА ВНЕСЕ 200.000 ЕВРА ВО МАКЕДОНИЈА

22/09/2026
Македонија

ГРУБИ ЗАКАНИ ЗА ПОДДРЖУВАЧИТЕ НА РУДАРСТВОТО Најавен протест или линч

22/09/2026
Македонија

📷 НАД 100.000 ЕВРА И ЛЕКОВИ ЗАПЛЕНЕТИ ВО ГОЛЕМА АКЦИЈА

22/09/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 45735
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

НА УЧИЛИШТЕ ОД 8 ДО 16:30 ЧАСОТ!? Едносменска настава и дневен престој се клуч за

22/09/2026

Ниту еден наставник со договор на неопределено време не остана без работа по фузијата на околу 450 паралелки во основното

ПОТВРДА ЗА ЗАЦВРСТУВАЊЕ НА ПАРТНЕРСТВОТО СО САД Петрушевски за средбите на македонската делегација во Вашингтон

22/09/2026

На телевизија Телма во емисијата „Директно” гостуваше пратеникот од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, Бране Петрушевски кој истакна дека американската турнеја на

ВО ЊУЈОРК СРЕДБА МИЦКОСКИ-ЈАНША Градиме пријателства, создаваме можности и работиме

22/09/2026

„Во Њујорк остварив средба со претседателот на Владата на Република Словенија, Јанез Јанша. Разговаравме за европската перспектива на Македонија, за

Novina.mk Novina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy