
Скопскиот аеродром ќе прави надградба на системот, граѓаните кои сакаат да патуваат да пристигнат 3 часа порано!
Почнувајќи од 9-ти октомври (понеделник), до крајот на ноември 2023 година, односно во период од два месеци, на Меѓународниот Аерoдром Скопје ќе се врши надградба на системот за ракување со багаж.
Затоа, упатуваат апел до сите граѓани кои што ќе патуваат во наведениот временски период преку Меѓународниот Аеродром Скопје, да пристигнат на аеродромот, односно на шалтерите за пријавување патници и багаж, 3 часа пред планираното време на полетување на летот.