Skip to content
Novina.mkNovina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 Скопски паркинг наплатил казна за возило од Велес со налепница за хендикепирани поради паркирање на место за такви автомобили
Македонија

Скопски паркинг наплатил казна за возило од Велес со налепница за хендикепирани поради паркирање на место за такви автомобили

17/03/2023

AA

Со фотографија од ставената канџа на нејзиниот автомобил и фискална сметка за платена казна од 3.000 денари, велешанката Билјана го обвини Градски паркинг-Скопје за дискриминација бидејќи со својот фолксваген со налепници за хендикепирани лица паркирала на така обележано паркинг место кај Транспортниот центар, но добила казна затоа што имала велешки таблички, пишува Телма.

Таа со блиските била на болница во Скопје, но била пречекана со заробено со канџи сопствено возило иако била паркирана на соодветна локација.

-Отидени во Ск нормално по болници,на враќање паркирани на автобуска станица на паркинг означен за инвалидни места,колата означена со знак за инвалид,со членската од здружение на лица со посебни потреби ставена на шал табла,пратена порака..ни ставаат блокада..се јавуваме на бројот нормално залепен на возачката врата,доаѓаат дечките од гратски паркинзи ги прашуваме зошто е блокадава кога се е уредно направено по правила,овие првично велат дека цитирам:”Aма вие сте од друг град” ко божем мајко мила јас кога ќе отидам во Ск инвалидноста ми завршува и не смеам да паркирам на место означено за инвалиди и му велам:” Кога веќе вака ставате блокади на инвалидни возила паркирани на инвалидско место што не се од Ск тогаш напишете некаде дека паркингов важи само за возила од Ск”..чудно ме гледа., напиша Билјана на ФБ.

Вработениот во Градски паркинг имал сопствено објаснување зошто хендикепираните од други градови не смеат да паркираат на паркинг места за хендикепирани во главниот град.

-Второ велам: “Запознати со тоа што град Ск за возилата од други градови не дозволува бесплатни паркинзи,си пративме порака..и покрај тоа пак блокада”..на тоа ми одговара: “Кога си паркиран на инвалидско место пораката не важи”.Молам?!?! Кого и како правите будала!! Во нормална држава и во останатите градови во нашава ни државичка нигде не е проблем да се паркираш на инвалидно место со инвалидско возило,иако си од друг град/држава,па дури и да не платиш паркинг..само Скопјево е некоја посебна држава изгледа со некој нивни дискриминирачки правила!, реагира Билјана од Велес.

Вработениот се јавил во централата и таму му кажале дека без разлика што како хендикепирани се паркирале на место за оваа ранлива категорија на наши сограѓани сепак мора да платат казна. Претходно Билјана си платила за паркирањето преку СМС порака.

Казната за овој дрско определен прекршок била вкупно 3.000 денари или 50 евра, па Билјана за да си замине дома во Велес си ја платила казната.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

НАМЕСТО ДА ОБЈАСНИ ЗОШТО БИЛ КАЈ ЗАЕВ, ФИЛИПЧЕ ЗБОРУВАШЕ ДЕКА

13/02/2026
Македонија

ЗОШТО ДОЗВОЛИЛЕ ОДГЛЕДУВАЊЕ КАНАБИС НА ОТВОРЕНО? Филипче жестоко го брани

13/02/2026
Македонија

СО ТРЕНДАФИЛОВ НИ Е ЗАЕДНИЧКО САМО ТОА ШТО НÈ ПРАТАТ

12/02/2026
Македонија

НÈ ЧЕКА ВРНЕЖЛИВ ВИКЕНД И ЗАЛАДУВАЊЕ Продолжува променливото време

12/02/2026
Македонија

Касами: Сè додека Беса учествува во Владата како дел од

12/02/2026
Македонија

БЕСА ГО ОТВОРИ ПАТОТ ЗА СПОЈУВАЊЕ ВО ПАРТИЈА „ВРЕДИ“ Движењето

12/02/2026
Македонија

Година на странски туристи: Туризмот во Македонија со раст од

12/02/2026
Македонија

Дефект на водовод блокираше пат: Свлечиште го отсече селото Татар

12/02/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 41397
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

НАМЕСТО ДА ОБЈАСНИ ЗОШТО БИЛ КАЈ ЗАЕВ, ФИЛИПЧЕ ЗБОРУВАШЕ ДЕКА ГО СЛЕДЕЛЕ Петрушевски има 3

13/02/2026

Наместо да објасни зошто по скандалот со запленетата марихуана заминал во Грција на „консултации” кај неговиот ментор Заев, лидерот на

ЗОШТО ДОЗВОЛИЛЕ ОДГЛЕДУВАЊЕ КАНАБИС НА ОТВОРЕНО? Филипче жестоко го брани менторот, обвинува ВМРО-ДПМНЕ

13/02/2026

Лидерот на СДСМ Венко Филипче да каже зошто со неговиот претходник Зоран Заев дозволиле одгледување на канабис на отворено спротивно

СО ТРЕНДАФИЛОВ НИ Е ЗАЕДНИЧКО САМО ТОА ШТО НÈ ПРАТАТ СЛУЖБИТЕ Филипче има идеја како

12/02/2026

  Лидерот на СДСМ Венко Филипче во интервју за Канал 5 вели дека нема комуникација ниту координација со претседателот на

Novina.mkNovina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy