Skip to content
Novina.mkNovina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 СКОПСКАТА ЦЕМЕНТАРНИЦА СЕ ВРАЌА НА ПАТЕКИТЕ НА ВИСОКА ПРОФИТАБИЛНОСТ – како УСЈЕ направи чиста добивка од 18 милиони евра за девет месеци
Економија

СКОПСКАТА ЦЕМЕНТАРНИЦА СЕ ВРАЌА НА ПАТЕКИТЕ НА ВИСОКА ПРОФИТАБИЛНОСТ – како УСЈЕ направи чиста добивка од 18 милиони евра за девет месеци

28/10/2023

AA

По минатата кризна година во која добивката беше намалена во однос на претходните, а како последица на превисоките трошоци за енергенси, скопската цементарница УСЈЕ се враќа на патеките на висока профитабилност.

За првите девет месеци од годинава компанијата оствари нето добивка од 18 милиони евра, што е раст за дури 77 проценти во однос на истиот период лани.

УСЈЕ во првите три квартали од годинава остварила оперативни приходи од над 77 милиони евра, што е за само 2 отсто помалку во однос на првите девет месеци од минатата година. 

Клучниот дел од овие прихои се приходи од продажба, при што доминираат продажбите на домашниот пазар.

Но, ако приходите се минорно намалени, многу позначајно се намалени оперативните расходи на компанијата, и тоа дури за 17 проценти во однос на истиот период лани. 

Тоа всушност прави компанијата да прикаже одлична добивка за девет месеци, а се очекува дека таков позитивен и подобар од ланскиот резултат ќе испорача и до крајот на целата оваа година.

Во УСЈЕ ги зголемиле и платите на своите вработени за 9 отсто, говорат податоците од Билансот на успех на компанијата објавен преку Берзата.

Н.Н.Ф.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

ДЕВЕТ ВОЗАЧИ ЗАВРШИЈА ВО СТАНИЦА Малолетници и пијан возач меѓу

10/03/2026
Македонија

48 ЧАСОВЕН ПРИТВОР ЗА СОПРУГОТ ОД КАРПОШ Јовановски е осомничен

04/03/2026
Македонија

МЕТЕО ПРЕСВРТ ВО ТЕКОТ НА ДЕНОТ Магла наутро, повеќе облаци

03/03/2026
Македонија

Битиќи: Владата се движи кон автократски модел и не остава

03/03/2026
Македонија

Битиќи: Буџетот не е во добра кондиција, дел од расходите

03/03/2026
Македонија

РЕФОРМИТЕ ВО ФОКУС НА ВЛАДАТА Мицкоски најави конкретни мерки за

03/03/2026
Македонија

Битиќи предупредува: Цената на гасот веќе е двојно повисока, Македонија

03/03/2026
Македонија

Ангела Николовска од Доха: Денеска е мирно, македонската амбасада работи

03/03/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 42209
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

ДЕВЕТ ВОЗАЧИ ЗАВРШИЈА ВО СТАНИЦА Малолетници и пијан возач меѓу приведените

10/03/2026

Девет возачи вчера завршиле во полициска станица поради тешки прекршоци во сообраќајот, информираа од Министерство за внатрешни работи на Република

48 ЧАСОВЕН ПРИТВОР ЗА СОПРУГОТ ОД КАРПОШ Јовановски е осомничен за неколку кривични дела, ОЈО

04/03/2026

Судијата на претходна постапка од Основниот кривичен суд Скопје определи мерка краткотраен притвор од 48 часа против Стојанче Јовановски, сопругот

МЕТЕО ПРЕСВРТ ВО ТЕКОТ НА ДЕНОТ Магла наутро, повеќе облаци попладне

03/03/2026

Метеоролозите нѐ информираат дека утре претпладне ќе биде сончево со мала до умерена облачност и со услови за појава на

Novina.mkNovina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy