Skip to content
Novina.mkNovina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 СКОПЈЕ, ТЕТОВО И ГОСТИВАР НАЈЗАДОЛЖЕНИ ОПШТИНИ ВО МАКЕДОНИЈА: Дури и балканските медиуми известуваат за задолженоста
Регион

СКОПЈЕ, ТЕТОВО И ГОСТИВАР НАЈЗАДОЛЖЕНИ ОПШТИНИ ВО МАКЕДОНИЈА: Дури и балканските медиуми известуваат за задолженоста

16/02/2024

AA

Градот Скопје со доспеани и неплатени обврски во износ од 7,3 милиони евра, беше трет најзадолжен македонски град на крајот на 2023 година. Тетово и Гостивар се уште се на врвот на оваа неславна листа, пишува хрватскиот медиум Poslovni.hr.

На новата листа на должници, со милионски долгови, се наоѓаат голем број јавни претпријатија основани од државата, Градот Скопје и општините. 

Расте задолженоста

Тетово и Гостивар се на врвот на листата на десет најзадолжени општини во 2023. Според податоците на Министерството за финансии, општина Тетово е на врвот со доспеани и неплатени обврски во износ од 8,3 милиони евра. Локалната администрација на Тетово пријавила нови 109.000 евра по доспеани обврски.

На второ место е општина Гостивар со неподмирен долг во речиси ист износ како Тетово, 8,3 милиони евра. Веднаш зад овие две општини е Град Скопје со доспеани и неплатени обврски во износ од 7,3 милиони евра.

Според висината на долгот, на врвот е општина Охрид со сума од 5,2 милиони евра, додека општина Делчево пријавила 3,1 милион евра, општина Желино со 2,3 милиони евра, општина Кисела Вода со долг износ од 1,7 милиони евра и општина Струга со приближно исто 1,7 милиони евра.

Општина Василево пријавила достасани и неплатени обврски во износ од 1,5 милиони евра, а општина Аеродром должи речиси 1,1 милион евра. Долгот на другите општини е под еден милион евра. Општинските јавни претпријатија должат вкупно 77.000.000 евра.

Меѓу најзадолжените јавни претпријатија основани од Град Скопје, на врвот е ЈП Водовод и канализација – Скопје, кое е на чело на неславната листа со доспеани обврски во висина од 9 милиони евра. Слична сума должи и ЈП Водовод Куманово.

Со долг од 6,4 милиони евра ЈП Колекторски систем – Скопје е на 13 место, а со милионски долгови ЈП Водовод Охрид има речиси 6,1 милиони евра и ЈКП Тетово 5,7 милиони евра.

Градски фирми

ЈСП – Скопје, кое континуирано се соочува со политички и финансиски превирања, на крајот на минатата година пријави долг од речиси 4,5 милиони евра. ЈП Комуналец Струмица пријави долг од речиси 4,2 милиони евра, потоа ЈП Водовод и канализација Струга со достасани и неплатени обврски во износ од речиси 3,8 милиони евра, ЈП Чистота и Зеленило Куманово со 3,6 милиони евра и ЈП Комуналец Гостивар со пријавени 3,4 евра, милиони евра. милиони евра.

Вкупниот долг на сите јавни претпријатија на државно, градско и локално ниво на крајот на декември 2023 година изнесува речиси 77.000.000 евра. Јавните претпријатија континуирано се соочуваат со финансиски проблеми кои се влошени од енергетската криза, но истовремено го задржуваат статусот на државни претпријатија за вработување по партиски клуч. Ова е и „тајната“ на нивната неефикасност, која трае со децении.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

ДЕВЕТ ВОЗАЧИ ЗАВРШИЈА ВО СТАНИЦА Малолетници и пијан возач меѓу

10/03/2026
Македонија

48 ЧАСОВЕН ПРИТВОР ЗА СОПРУГОТ ОД КАРПОШ Јовановски е осомничен

04/03/2026
Македонија

МЕТЕО ПРЕСВРТ ВО ТЕКОТ НА ДЕНОТ Магла наутро, повеќе облаци

03/03/2026
Македонија

Битиќи: Владата се движи кон автократски модел и не остава

03/03/2026
Македонија

Битиќи: Буџетот не е во добра кондиција, дел од расходите

03/03/2026
Македонија

РЕФОРМИТЕ ВО ФОКУС НА ВЛАДАТА Мицкоски најави конкретни мерки за

03/03/2026
Македонија

Битиќи предупредува: Цената на гасот веќе е двојно повисока, Македонија

03/03/2026
Македонија

Ангела Николовска од Доха: Денеска е мирно, македонската амбасада работи

03/03/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 42209
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

ДЕВЕТ ВОЗАЧИ ЗАВРШИЈА ВО СТАНИЦА Малолетници и пијан возач меѓу приведените

10/03/2026

Девет возачи вчера завршиле во полициска станица поради тешки прекршоци во сообраќајот, информираа од Министерство за внатрешни работи на Република

48 ЧАСОВЕН ПРИТВОР ЗА СОПРУГОТ ОД КАРПОШ Јовановски е осомничен за неколку кривични дела, ОЈО

04/03/2026

Судијата на претходна постапка од Основниот кривичен суд Скопје определи мерка краткотраен притвор од 48 часа против Стојанче Јовановски, сопругот

МЕТЕО ПРЕСВРТ ВО ТЕКОТ НА ДЕНОТ Магла наутро, повеќе облаци попладне

03/03/2026

Метеоролозите нѐ информираат дека утре претпладне ќе биде сончево со мала до умерена облачност и со услови за појава на

Novina.mkNovina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy