Skip to content
Novina.mkNovina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 Скопје останува Европска престолнина на културата за 2028 година
Македонија

Скопје останува Европска престолнина на културата за 2028 година

20/11/2025

AA

Град Скопје ќе ја задржи титулата Европска престолнина на културата за 2028 година, потврди денеска градоначалникот Орце Ѓорѓиевски по успешните средби во Брисел. Заедно со министрите Тимчо Муцунски и Зоран Љутков, тој оствари значајна средба со еврокомесарот за меѓугенерациска правичност, млади, култура и спорт, Глен Микалеф, каде ја претстави подготвеноста на градот за новата ера на европски стандарди и културна трансформација.

„Со гордост можам да кажам дека Скопје останува Европска престолнина на културата за 2028 година“, рече Ѓорѓиевски. „Како нов градоначалник започнуваме историска трансформација што ќе нè подготви да ја носиме оваа титула со достоинство.“

Градоначалникот посочи дека проектот бил блокиран и управуван спротивно на законските прописи, но сега процесот е деблокиран и насочен кон транспарентно и законско функционирање. Во рамки на визијата за модерно и европско Скопје, предвидени се инвестиции од над 55 милиони евра во клучна инфраструктура, меѓу кои Скопско Кале, Аквадуктот, Скупи, МКЦ, нов Европски центар за култура, зелени магистрали, паркови и современи јавни простори.

Проектот, како што истакна Ѓорѓиевски, ќе биде спроведен со независна управувачка структура, меѓународен советодавен борд и професионален тим, додека локалната соработка и интеграција ќе ги обедини сите 10 општини, училишта, јавни претпријатија, универзитети, културни институции, НВО секторот и граѓаните.

„Скопје станува еден заеднички систем, една енергија и една визија. Влегуваме храбро. Работиме чесно. Работиме за сите!“, порача градоначалникот.

Со овие активности, Скопје се подготвува да стане видливо на европската и светската културна мапа и да го зацврсти својот статус на центар за културна размена и иновација.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

ТОПОЛ АНТИЦИКЛОН ОД ЈУГ НОСИ ВИСТИНСКА ПРОЛЕТ Температурите ќе се

03/03/2026
Македонија

АКО ИМА УМ И РАЗУМ, ЌЕ ИМА И СПАС ЗА

03/03/2026
Македонија

ПРОЛЕТНО ВРЕМЕ ПРЕД НАС Температурите до пријатни 20 степени

03/03/2026
Македонија

ВИДЕО Сообраќајна несреќа кај Соборна: Возило се качи на жардињера!

02/03/2026
Македонија

АВТОПАТОТ КИЧЕВО-ОХРИД БИЛ ПРОЕКТИРАН БЕЗ БАНКИНИ Николоски откри дека државата

02/03/2026
Македонија

ОЈО СО ПРВИ ДЕТАЛИ ЗА ТРАГЕДИЈАТА ВО КАРПОШ Наредена обдукција

02/03/2026
Македонија

Се разгледува можноста за евакуација на македонските граѓани од ОАЕ!

02/03/2026
Македонија

ОЈО: Наредена обдукција на телата на починaтите жена и дете,

02/03/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 42155
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

ТОПОЛ АНТИЦИКЛОН ОД ЈУГ НОСИ ВИСТИНСКА ПРОЛЕТ Температурите ќе се искачат до 20 степени

03/03/2026

Во текот на оваа седмица територијата на Македонија и на целиот регион ќе биде под влијание на Антициклон (Поле со

АКО ИМА УМ И РАЗУМ, ЌЕ ИМА И СПАС ЗА ПРОЦЕСОТ „ПУЛС“ Само итна ревизија

03/03/2026

Речиси една година по пожарот во дискотеката „Пулс“ во Кочани, во која загинаа 63 млади луѓе и беа повредени околу

ПРОЛЕТНО ВРЕМЕ ПРЕД НАС Температурите до пријатни 20 степени

03/03/2026

Метеоролозите нѐ информираат дека утре нѐ очекува сончево со мала до умерена локална облачност. По одделни котлини ќе има услови

Novina.mkNovina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy