Skip to content
Novina.mkNovina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 УСТАВНИОТ СУД УДРИ НА ПЕНЗИИТЕ Кацарска предложи, колегите прифатија да го оценуваат последното линеарно покачување од 2.000 денари
Македонија

УСТАВНИОТ СУД УДРИ НА ПЕНЗИИТЕ Кацарска предложи, колегите прифатија да го оценуваат последното линеарно покачување од 2.000 денари

20/11/2025

AA

Уставната судијка Добрила Кацарска предложи, а Уставниот суд прифати да поведе постапка за законот со кој пензиите беа линеарно покачени за 2.000 денари, донесен во јули 2025 година. Со овој закон е предидено за септември пензионерите да добијат покачување од 1.000 денари и од март 2026 година уште по 1.000 денари.

Според Судот, со линеарното покачување на пензиите е направена дискриминација. Односно, дискриминирани се пензионерите со високи пензии, кои би зеле повеќе пари со усогласување на пензиите според трошоцте, отколку со линеарното зголемување, со иста сума за сите.

„Постапувајќи по овој предмет, на предлог на судијата-известител Добрила Кацарска, Судот одлучи по сопствена иницијатива да поведе постапка за член 2 од Законот за изменување и дополнување на Законот за пензиското и инвалиското осигурување. Станува збор за одредба со која се зголемуваат пензиите (во јавноста познато како линеарно зголемување). Со оспорениот член 2 правото на редовно месечно усогласување на пензиите со пресметки направени врз основа на порастот на платите и трошоците на живот, е заменето со линеарна распределба на вкупниот износ на пари за сите прензионери подеднакво, без оглед на стекнатата и остварената висина на пензијата, стажот и на уплатениот придонес“, соопшти Уставниот суд.

Судот, се додава во соопштението, го имаше предвид фактот дека усогласувањето на пензиите е право на осигуреникот што му гарантира социјална сигурност во рамките на Законот за пензиско и инвалидско осигурување, со што се остварува и уставната гаранција за социјална сигурност на граѓаните.

„Уставниот суд во оваа фаза од постапката изрази сомнеж дека со оспорениот член 2 се нарушени уставните принципи за социјална праведност, еднаквост на граѓаните, како и правната сигурност и легитимните очекувања како правни принципи. Имено, се постави прашањето дали оспорената одредба продуцира дискриминација по основ на износот на пензија и нееднаквост помеѓу примателите на пензии, односно оние пензионери кои имале подолг работен стаж, повисоки уплати во пензискиот систем и повисока основица, добиваат помало зголемување на пензиите, наспроти пензионерите со пониските пензии“, соопшти Уставниот суд.

Пензијата е стекнато имотно, индивидуално право, додава Судот.

„Согласно член 30 од Уставот, правото на сопственост е гарантирано и никому не може да му биде ограничено или одземено. Следствено на ова, пред Уставниот суд основано е поставено прашањето дали со оспорената одредба се ограничува правото на сопственост на пензионерите со повисоки пензии. Со поведувањето на постапка за оценување на уставноста на оспорениот член, Уставниот суд ќе испитува дали законското решение е оправдано и во доволна мера избалансирано“, соопшти денеска Уставниот суд.

Во соопштението се додава и дека Европскиот суд за човекови права во Стразбур низ своите пресуди наведува дека за целите на членот 14(забрана од дискриминација) од Европската конвенција за заштита на човековите права, разликата во третманот е дискриминирачка доколку „нема објективно и разумно оправдување”, односно ако не ја остварува „легитимната цел“ или ако не постои „разумна врска на пропорционалноста помеѓу употребените средства и целта што треба да се реализира“.

Но, ако линераното покачување од јули 2025 година за сума од 2.000 денари е дискриминација, зошто Судот не поведе постапка и за покачувањето од минатата годна, кога пензинерите добија зголемување од вкупно 5.000 денари, на два пати од по 2.500 денаи, од септември 2024 година и од март 2025 годна? Токму за ова покачување уставните судии одлучуваа на истата седница вчера, по иницијатива поднесена од Тито Беличанец, Јадранка Мршиќ и Сузана Московска, кои, исто така, тврдат, дека е напправена дискриминација.

„Судот ја отфрли иницијатвата поради тоа што оспорените одредби (член 3 и член 18 од Законот за изменување и дополнување на Законот за пензиското и инвалидското осигурување објавен на 18 септември 2024 година) се од темпорален карактер и повеќе не се дел од правниот промет“, соопшти Уставниот суд.

Беличанец, Мршиќ и Московска во иницијативата наведуваат:

„Со членот 3 се вршат измени во членот 37 со кој по зборот претходи се става запирка и се додаваат зборовите: објавени од Државниот завод за статистика. Во случај кога порастот на трошоците на живот се со негативен предзнак, не се врши усогласување на пензијата. Со членот 18 се вршат измени во членот 37 кои гласат: Одредбите од членот 37 од овој закон не се применуваат во период од 1 септември 2024 година до 31 август 2025 година. На 1 септември 2024 година сите видови на пензии остварени согласно со овој закон заклучно со 31 август 2024 година се зголемуваат за 2.500 денари. На 1 март 2025 година сите видови на пензии остварени согласно со овој закон заклучно со 28 февруари 2025 година се зголемуваат за 2.500 денари“, навеле подносителите, соопшти Уставниот суд.

Подносителите, додава Судот, тврдат дека измените се во спротивност со суштината на пензискиот систем и на Уставот, а пензијата не е социјална категорија, туку секој пензионер има остварено различна висина на пензија во зависност од тоа колку години и во која висина во Фондот за ПИОМ уплатувал придонеси. Според подносителите, додава Судот, се прави дискриминација – на една категорија пензионери кои се со пониски пензии да им се исплатува поголем процент при покачување на пензиите, а на други помал процент или попрецизно, со покачувањето од 2.500 денари, на секој пензионер му се зголемува пензијата со различен процент.

 

.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

Пронајдени соѕидани 350.000 евра во домот на судијата Ристов

18/01/2026
Македонија

ОДЛУКИТЕ ЗА ВОНРЕДНА СОСТОЈБА БЕА УСТАВНИ Реакција на експретседателот Пендаровски

18/01/2026
Македонија

Претреси во домот на судијата Ѓоко Ристов

18/01/2026

Најстудено денеска на Попова Шапка, -1 степен

18/01/2026

Македонија

ПОЖАР ВО СВИЊАРСКАТА ФАРМА „АГРИА“ ВО ГРАДСКО Осум лица на

18/01/2026
Македонија

Бобан Данов со сребро на Европскиот самбо куп во Дубровник

18/01/2026
Македонија

28-годишен битолчанец ја истепал својата 79-годишна баба која претрпела тешки

18/01/2026
Македонија

АКО СЕ ПОВЛЕЧЕТЕ, ДРУГ ЌЕ ГО ПОПОЛНИ МЕСТОТО Не останува

18/01/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 40327
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

Пронајдени соѕидани 350.000 евра во домот на судијата Ристов

18/01/2026

Во рамките на опсежна истрага на Основното јавно обвинителство за гонење организиран криминал и корупција иницирана откако на 14 декември

ОДЛУКИТЕ ЗА ВОНРЕДНА СОСТОЈБА БЕА УСТАВНИ Реакција на експретседателот Пендаровски на изјавата на премиерот Мицкоски

18/01/2026

Уставниот суд уште пред повеќе од 5 години потврди дека одлуките за вонредната состојба се во склад со Уставот, а

Претреси во домот на судијата Ѓоко Ристов

18/01/2026

Попладнево се спроведуваат претреси кај судијата Ѓоко Ристов, кој суди во Апелациониот суд во Скопје. Информацијата e потврдена од Обвинителството

Novina.mkNovina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy