
„Скопје Ист Гејт“ со нов генерален директор
Сузана Ристова – Величковска е именувана за нов генерален директор на „Скопје Ист гејт СЕГ“, компанијата во сопственост на групацијата „Балфин“ која управува со шопинг центарот, деловниот простор и станбениот проект во Скопје.
Ростова – Величковска доаѓа на местото на Игор Давков, кој досега беше единствен директор на компанијата од самиот почеток.
Новата директорка досега беше управител на секторот финансии на „Скопје Ист гејт СЕГ“.
