Skip to content
Novina.mkNovina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 Скопје и САД ја зајакнуваат соработката: Средба на Ѓорѓиевски со в.д. амбасадорката Никол Варнс
Македонија

Скопје и САД ја зајакнуваат соработката: Средба на Ѓорѓиевски со в.д. амбасадорката Никол Варнс

27/02/2026

AA

Градоначалникот на Град Скопје, Орце Ѓорѓиевски, денеска оствари средба со вршителката на должноста шеф на мисијата во Амбасадата на Соединетите Американски Држави, Никол Варнс.

Како што информира Ѓорѓиевски преку објава на социјалните мрежи, на средбата било разговарано за продолжување и продлабочување на соработката меѓу Град Скопје и САД, со посебен акцент на клучни општествени прашања, меѓу кои борбата против корупцијата, унапредувањето на демократските процеси и зголемувањето на учеството на граѓаните во носењето одлуки на локално ниво.

Градоначалникот ги презентирал и проектите на кои, како што наведува, интензивно работи Град Скопје во изминатите три месеци. Меѓу приоритетите се подобрувањето на сообраќајната инфраструктура, унапредувањето на јавната хигиена, создавањето нови зелени површини, како и поголемото вклучување на младите во општествените процеси.

Во разговорите биле отворени и можности за продлабочување на соработката меѓу збратимените градови Темпи и Питсбург, преку организирање програми за студиски престој на средношколци и уметници. Според Ѓорѓиевски, ваквите размени претставуваат можност за културна соработка и меѓусебно запознавање меѓу младите од збратимените градови.

На средбата била потврдена и долгогодишната поддршка од САД како стратешки партнер, како и подготвеноста за реализација на заеднички проекти насочени кон подобрување на квалитетот на живот на граѓаните на Скопје.

Ѓорѓиевски порача дека Град Скопје останува посветен на градење партнерства што носат конкретни резултати и придонесуваат за поефикасно и одговорно урбано управување.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

Пожар во куќа во село Волково

27/02/2026
Македонија

Заталкан куршум оштетил балкон во Долно Лисиче

27/02/2026
Македонија

Кривична пријава за затајување: Вработен во казино присвоил над 330

27/02/2026
Македонија

🎥 ЗА УШТЕ 5 УБИСТВА СЕ ИСТРАЖУВА ДАЛИ СЕ ДЕЛО

27/02/2026
Македонија

Еко-свест: Рис, лисица и мечка бараат станови низ Скопје

27/02/2026
Македонија

Давкова – Бегај: Нема поголема инвестиција во стабилноста на Западниот

27/02/2026
Македонија

Хорор во скопско: Мајка пријави дека нејзината 9-годишна ќерка била

27/02/2026
Македонија

Скопје и САД ја зајакнуваат соработката: Средба на Ѓорѓиевски со

27/02/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 42025
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

Пожар во куќа во село Волково

27/02/2026

На 26.02.2026 во 05:53 часот во СВР Скопје е пријавено дека во с.Волково, скопско, настанал пожар во куќа, сопственост на

Заталкан куршум оштетил балкон во Долно Лисиче

27/02/2026

На 26.02.2026 во СВР Скопје, Д.А. од с.Долно Лисиче, скопско, пријави дека, додека седел во дворот од куќата, слушнал истрел,

Кривична пријава за затајување: Вработен во казино присвоил над 330 илјади денари

27/02/2026

ОВР Кочани поднесе кривична пријава против В.С.(43) од Кочани поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „затајување“. На

Novina.mkNovina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy