
Скопје денеска меѓу десетте градови со најзагаден воздух во светот
На неславната листа по Сараево се Дака (Бангладеш), Мумбај и Калкута (Индија), Шенјанг (Кина), Скопје, Инчеон (Јужна Кореја), Загреб, Милано…
Скопје е на шестото место со индекс од 170. Ако индексот за квалитет на воздухот е од 0-50 тогаш е здрав, од 51-100 е умерено загаден. Сè што е повеќе од 100 е нездраво, а повеќе од 300 е опасно по здравјето.
