
Скопје 10-ти најзагаден град во светот!
Скопје повторно се најде меѓу 10-те најзагадени градови во светот. Според податоците на специјализираната платформа за мерење на квалитетот на воздухот, IQAir, главниот град на Македонија, Скопје, утрово е 10-ти најзагаден град на светската листа. На оваа листа високо се рангирани и Лахоре, Сараево и Делхи, додека пак и Приштина е на 5-тото место.

